Грузија: Полицаец отпуштен откако бил идентификуван на Фејсбук

Повеќе од десетина ветерани од војните на Грузија во Абхазија и Јужна Осетија на 27 декември започнаа штрајк со глад барајќи од владата да одговори на нивните социјални барања и да ги врати нивните намалувања за здравствени услуги. Кампувајќи пред споменикот на паднатите борци на плоштадот на хероите на Тбилиси, поранешните војници рекоа дека тие секако ќе заминат на 6 јануари, датумот на грузискиот православен Бадник.

Тамада Приказни, EurasiaNet блог, ги искажаа нивните барања.

Барајќи државни бенефиции и промена на наводно „недостоинствениот“ став на владата кон нив, неколку ветерани од сепарастичките конфликти од 1990 година во Абхазија и Јужна Осетија кампувале повеќе од една недела во воен спомен на паднатите борци во плоштадот на хероите на Тбилиси. Нивните државни бакшиши се особено ограничени на месечни комунални додатоци кои изнесуваат околу 12 долари и дозвола за слободен јавен превоз.

Сепак, на 3 јануари, десетина полицајци го прекинаа штрајкот само неколку часа откако демонстрантите тврдеа дека претседателската придружба поминала покрај нив. Без соодветни предупредувања, неколку ветерани беа уапсени а беше користена и прекумерна сила. Особено, вработен во Министерството за Внатрешни Работи (МВР) го удрил Ека Матиашвили, активист на опозициската партија кој бил таму да им даде поддршка на демонстрантите.

Иако Грузиската телевизија емитуваше снимки од протест во Русија истиот ден, речиси и да немаше информации за тбилисискиот инцидент. И со никаква официјална потврда од владата, членовите на парламентот рекоа дека тие дури и не знаат дека тоа се случило. Наместо тоа, веднаш беа пуштени слики на интернет со видеа, поставени на Јутјуб и на Фејсбук. Многумина беа навредени.

Амбасадорот на САД во Грузија, Џон Бас, ја осуди употребата на прекумерна сила од страна на полицијата и корисникот на Фејсбук Arachveulebrivi Gamofena (Невообичаена изложба) постави фотографии од видеата. Сликите беа преземени од многу кои сакаа да го идентификуваат полицаецот одговорен за насилствата за време на настанот.

По споделувањето на Фејсбук, личноста одговорна за удирање на Матиашвили бил идентификуван како 26 годишниот Отар Гвенетадзе. И дури тогаш Министерот за внатрешни работи објави oфицијална објава [грузиски] во однос на настанот. Според, веб- страницата на МВР, Гвенетадзе бил отпуштен поради кршење на полицискиот етички кодекс.

Сепак, Гвенетадзе не беше единствениот одговорен за напаѓање на демонстрантите, но во официјалната објава не беа споменати други. Преку страницата на Фејсбук, Amoicani Mishas JALATEBI !!! [грузиски] (Идентификувајте ги џелатите на Миша), корисниците се обидуваат да ги идентификуваат.

Темата, заедно со анкета, беше oтворена на форум.гр [грузиски], најголемиот во Грузија, каде еден корисник постави извадоци од грузискиот устав кои укажуваат кој член бил нарушен од полицијата. 192 од 229 гласачи, поддржале едно мислење и барале од МВР да го испита случајот.

ყოველივე ზემოაღნიშნულიდან გამომდინარე, მოვითხოვ დაიწყოს სისხლისამართლებრივი დევნა პოლიციის იმ თანამშრომლების მიმართ, ვინც მონაწილეობდა ამ დანაშაულში [..] და დაისაჯოს უკლებლივ ყველა, კონსტიტუციით აღიარებული ნორმების ფეხქვეშ გათელვის გამო, [..] ან გამოდით და თქვით, რომ თქვენი ხელდასმით მოხდა ეს ყველაფერი და ბიჭებს საშობაო პრემიები ჩამოურიგეთ.

По се што се спомна погоре, јас барам, според кривичен закон, да се гонат сите што учествуваа во овој криминал и сакам да ги казните сите до последниот полицаец кои ги прекршија уставните права или дојдоа и ни рекоа дека вие го наредивте прекинувањето и момците добија божиќни бонуси.

На InterPressNews новинарска агенција на интернет исто така направиве анкета и 84,3% од 1495 гласачи го поддржаа ставот дека полицијата не требаше да ги прекине демонстрациите. Други анкети исто така покажаа дека многу луѓе веруваат дека многу луѓе верувале дека грузискиот претседател Михаил Сакашвили треба да им се извини на ветераните.

Во меѓувреме, со 457 680 Фејсбук корисници во државата и најголемо продирање на страната за социјално вмрежување во регионот, многу сметаат дека кампањата за идентификување на одговорните за насилствата беше значаен развој и чекор напред за онлајн-медиумите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.