Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индија: Еден ден кога жените можат слободно да играат и танцуваат

Индија нечуенo ни претставува два различни фестивали, во различни области од државата, каде мажени жени од племенските заедници можат, само на еден ден, да играат и танцуваат во јавност без да бидат критикувани.


Индиски класичен танц во Керала од Стив Кокс, Наведи извор Криејтив Комонс лиценца


Во Племенскиот фестивал за прославување на женственоста,Девидас Гаонкар објаснува како поради патријархалната структура која сè уште постои во многу племенски заедници, има многу малку пригоди каде на жените им е дозволено да ги остават своите обврски во домот и овој фестивал е прилика за нив да се соберат заедно и да се забавуваат. Тој израснал гледајќи ги неговата мајка и сестра како уживаат на овој ден и го сфатил значењето на тоа да им се даде шанса на жените да уживаат во фестивали исто како што им е дозволено на мажите.

Следново видео од Девидас Гаонкар го прикажува фестивалот Дило, што се случува еден ден пред Дивали во Котигао, Гоа:

„Дило“ е името на иконата направена од глина или кравја лепешка што жените ја прават да го симболизираат нивното божество. Поставена е на селската „maand“ (платформа или место за изведби и фестивали) каде жените изведуваат фолклорни танци познати како „khel“ (игра).

Друго индиско непознато волонтерско видео, ова е од областа Махарастра, зборува за сличен ден кога жените во нивното село можат да танцуваат и да се забавуваат:

Во рурална Махасрастра, каде живее Роини- дописникот за ова видео, жените се третираат како инфериорни во однос на мажите. Така, додека мажите се слободни да прават што сакат, движењата на жените се ограничени и тие мораат да добијат специјална дозвола од членовите на семејството дури и за да излезат од нивните домови. Особено им е забрането да пеат, танцуваат или да играат во јавност. Оние што го прават тоа се третираат како жени без морал. Сепак, еднаш годишно – на денот на Нагпанчами оваа забрана се укинува и жените можат да танцуваат и да играат игри.

Индија нечуено е сервис за вести на заедницата создаден од страна на Видео волонтери; организација која ги обучува членовите на заедницата да бидат дописници кои ќе раскажуваат уникатни приказни за нивните малцински или маргинализирани заедници преку видео записи, СМС известувања или други алатки на социјалните медиуми.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.