Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

ДР Конго: Справување со епидемија на Ебола

ЕболаКон крајот на декември епидемија на многу заразниот вирус Ебола беше потврден во Демократска Република Конго (ДР Конго). Се верува дека со епидемијата се заразени повеќе од 36 луѓе, вклучувајќи најмалку 12 мртви. ДР Конго се обидува да ја контролира епидемијата, додека некои соседни земји исто така превземаат мерки на претпазливост.

Ебола (технички познат како Ебола хеморагиска треска) е вирус кој предизвикува страв кај многу луѓе затоа што нема лек, вирусот лесно се пренесува меѓу луѓето (преку контакт со телесните течности) и најчесто е фатален. Аманда Тауб, постирајќи на Wronging Rights, го опишува вирусот:

“Ебола, за оние кои не се запознаени, во основа е најлошото нешто на што вашите  ‘симптоми на настинка’ би можеле да бидат знак. Започнува со главоболка и воспалено грло, придружено со висока треска и ослабнати мускули. Жртвите може да продолжат да повраќаат, дијареа и оштетување на функцијата на црниот дроб и бубрезите. Овие симптоми во доцен стадиум се често придружувани со внатрешно и надворешно крварење, бидејќи бројот на белите крвни зрнца и тромбоцити нагло опаѓа. Ова може да вклучи крварење од очите и устата, кое што и дава на жртвата многу застрашувачки изглед.”

Оваа скорашна епидемија на Ебола беше потврдена во областа Конголис на Мвека во западната провинција Касаи на државата. Постојат сомневања дека еден од изворите на  оваа епидемија се инфицирани мртви мајмуни, кои би можеле да ја пренесат болеста на ловците и жените. Како одговор, соседните земји превземаат мерки на претпазливост. Ангола ги засили граничните рестрикции со ДР Конго, а Танзанија  е исто така под Ебола тревога. Еден пост на South African Catholic елаборира:

“Неодамна, Ангола ја затвори границата со заразениот регион на ДР Конго, ставајќи ги полицијата и војската во состојба на готовност. Еболата претходно се рашири по должината на границата со Судан и државите во регионот се раздразнети, што се должи на фаталната и неизлечива природа на болеста. Ебола заразата е именувана по една река во ДР Конго.”

Еден пост на Ending Extreme Poverty in the Congo (Ставање крај на екстреманта сиромаштија во Конго) истакнува дека се уште нема забрани за патување во ДР Конго:

“Танзанија е во состојба на тревога против Ебола епидемијата. Ангола ги затвори границите.
Светската Здравствена Организација (WHO) се уште не советува да се забрани патување таму. Дури и минатата година кога 187 луѓе умреа, не беше поставена забрана за патување.
Ако сиромашните жители на Конго беа помобилни и ако имаше потерница, забрана за патување можеше да биде мудра одлука. Како и да е, без добар приватен или јавен транспорт, не е голема веројатноста дека болна личност би можела да премине преку границата во Танзанија. На околу 125 милји, границата со Ангола е поблиску до областа со епидемија.”

Ова е четврта епидемија на Ебола во ДР Конго од 1976, последната се случи во 2007 година. Овој Médecins Sans Frontières (MSF) блог ги забележува искуствата на еден доктор кој се обидува да ја задржи последната епидемија на Ебола во ДР Конго. МСФ испратил тим на експерти во Касаи да се обидат да ја задржат и оваа епидемија исто така. Но Viceroy, блогирајќи на Superstrain, нема големи надежи:

“Ако минатото е некаква индикација за тоа како ќе се случуваат работите денес, голема е веројатноста бројот на мртвите од оваа епидемија да порасне значително.”

Блогерот JShaffer е многу натажен од вестите за уште една епидемија во ДР Конго, исто како и блогерот на овој пост на блогот на the Foreign Policy Association's Africa:

“Како да не се доволно тешки условите во Демократска Република Конго, државата сега се соочува со нова епидемија на Ебола. ДР Конго е држава која се чини дека никогаш не може да се одмори и ретко има добра судбина.”

Сепак,  pO157, коментирајќи на нивниот пост на  Trees & Things (Дрва и работи), се обидува да биде поголем оптимист за ситуацијата со Ебола:

“Единственото добро нешто околу оваа ситуација се релативно добро изолираните локации каде таа [Еболата] пламнува. Се додека народот заболен од оваа болест не заврши на некој авион или слично, ние би требало да бидеме во ред.
Земајќи ги во предвид напредокот во науката и медицината јас мислам дека доколку тие успеат да ја задржат болеста во Конго  во наредните ~5-10 години Еболата ќе биде минато.”

Фотографија од Ebola Graffiti од stirwise на Фликр.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.