Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Зошто ропството не се споменува во африканската и хаиќанската белетристика?

Зошто ропството многу малку се споменува во литературата од Африка и Хаити? Ова е прашање што тогоанскиот блогер Кангни Алем, кој живее во Франција, го покренува во еден плодотворен и обмислен напис на неговиот блог (на француски). Тој жали што африканската белетристика не обрнува внимание на поминувањето на различните бранови ропство што го опустошувале континентот, а посочува и дека литературата од Хаити исто така не нуди многу на темава, иако за тоа смета дека има нешто поголема оправданост.

Игнорирање на илјадогодишен феномен

il suffit de parcourir la bibliographie romanesque de quelques pays africains ayant payé un tribut lourd à la saignée esclavagiste pour toucher du doigt l’ampleur du silence quant au traitement du sujet par la fiction. Qu’il soit togolais, béninois, nigérian ou angolais, l’écrivain de ces contrées semble reléguer aux oubliettes des pans entiers d’un phénomène qui a quand même duré presque mille ans et connu trois phases principales: celle des traites antiques internes à l’Afrique (environ 14 millions de victimes, estiment les historiens), celle de la traite orientale touchant le monde musulman entre le 7e et le 19e siècle, et enfin la traite occidentale, la plus référencée, entre le 16e et le 19e siècle.

Доволно е само бегло да се разгледаат библиографиите на романи од неколкуте африкански земји кои биле најмногу оштетени од ропството за да ја разбере огромноста на молчењето на оваа тема во белетристиката. Писателите од Того, Бенин, Нигерија и Ангола како да ги игнорираат широките влијанија на феноменот кој постоел околу илјада години и тоа во три главни фази: интерната африканска трговијата со робови (за која историчарите проценуваат дека имала 14 милиони жртви), источната трговска врска со муслиманскиот свет помеѓу VII и XIX век, како и најпознатата со западот помеѓу XVI и XIX век.

Sur le point qui concerne les traites internes ou domestiques surtout, la faiblesse relative du nombre des études consacrées à l’esclavage domestique par les historiens africains contraste fortement avec l’ancienneté du phénomène, sa généralisation à l’échelle du continent, son ampleur variable d’une époque à une autre, le rôle et les fonctions des esclaves dans tous les domaines d’activités, la diversité de leur statut social.

Особено во врска со интерната трговија, релативниот недостаток на студии за домашното ропство од африкански историчари е во силен контраст со древноста на феноменот, неговата широка распространетост на целиот континент, зависноста на обемот од периодот, улогата и функциите на робовите во сите сектори на активност, како и разновидноста на нивниот општествен статус.

Слично е и на Хаити ама од други причини

L’amnésie sélective des écrivains d’Afrique rappelle étrangement celle des auteurs d’Haïti, la « première République Noire » où, de manière paradoxale, et peut-être logique, la question de l’esclavage est quasiment absente dans la littérature de fiction. Comment expliquer cette désensibilisation à la question de l’esclavage dans la littérature d’Haïti ? Primo, on peut évoquer ce facteur majeur, c’est dire le fait que l’événement retenu comme acte fondateur de la nation haïtienne soit une épopée libératrice, synonyme d’élimination de l’esclavage, alors que dans la majorité des pays du Nouveau Monde, l’accession à la souveraineté nationale ne s’est pas accompagnée de l’abolition de la servitude. Secundo, l’éradication de l’institution servile dans ce pays s’est effectuée dans un processus de ruptures historiques riches en révoltes symboliques décisives. Ce qui n’est pas le cas de l’Afrique, profiteuse par défaut des Abolitions décidées par les Autres.

Селективната амнезија на африканските автори многу потсеќа на онаа на хаиќанските, бидејќи Хаити го прогласуваат за „првата Црна Република“, каде што, парадоксално но можеби логично, прашањето за ропството е квази-отсутно во белетристиката. Како да го објасниме отсуството на емотивни реакции на прашањето за ропството во литературата на Хаити? Прво, може да се потсетиме на еден главен фактор, тоест на фактот дека настанот кој се смета за основачки мит на нацијата Хаити е епот за ослободувањето, односно за елиминирањето на ропството, додека во поголем дел од Новиот Свет националната сувереност дошла пред укинувањето на ропството. Второ, искоренувањето на ропството како општествена институција во таа земја дошло како дел од процес на историски прекини исполнети со решавачки симболички востанија. Ова не е случај во Африка, каде што укинувањето на ропството е благодет добиена како последица на одлуки донесени од други.

Pour peu glorieuse qu’elle paraisse, la thématique de l’esclavage devrait permettre un retour enrichissant sur les mentalités d’époque, les relations socio-raciales, les structures économiques et les représentations identitaires.

Иако не се смета дека носи слава, обработувањето на темата на ропството нуди палета на богати искуства за менталитетите, општествено-расните односи, економските структури и претстави на идентитетот од таа ера.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.