· јули, 2010

Написи за Супсахарска Африка од јули, 2010

Јужна Африка: 67 минути промена – Денот на Мандела

  22 јули 2010

Mногу луѓе знаат дека Нелсон Мандела помина 27 години од својот живот во затворот на островото Robben во Јужна Африка. Она што многумина не го знаат, е дека Мадиба (како што е почесно наречен во Јужна Африка), има поминато 67 години во борбата против расизмот и сиромаштијата. Во неделата на 18-ти јули 2010 година, поранешниот Јужноафрикански претседател наполна 92 години.

Сиера Леоне: Подигање на свеста околу сексот и сексуално преносливите болести преку видео

  16 јули 2010

Во Сиера Леоне, Вики Ремо е водител и продуцент на едно шоу кое се прикажува еднаш неделно и коешто покрива широк спектар на теми: од неоткриени музички гении, до прикажување на секојневието на трговците, спорт и од неодамна, едукација за секс и сексуално преносливите болести (СПБ) наменета за студенти.

Нигерија: Кој го предомисли претседателот – Фејсбук или ФИФА?

  12 јули 2010

По добивањето на стотици коментари на неговата Фејсбук страница, претседателот на Нигерија ја повлече својата контроверзна суспензија на националниот фудбалски тим на земјата. Но, дали тоа што тој се предомисли навистина е одговор на бројните фрустрации на граѓаните искажани на Фејсбук? Или, поради притисокот од моќното меѓународно тело за раководење со фудбалот?

Јужна Африка: Мистер геј на светот за 2010 е јужно-африкански блогер

  11 јули 2010

Титулата Мистер Геј на светот 2010 ја освои Чарл Ван Ден Берг, 28 годишен јужно- африкански менаџер на ресторани. Тој го користи неговиот блог да му се заблагодари на Нелсон Мендела, неговите спонзори и поддржувачи.

Јужна Африка: Африканската модна недела ја поставува сцената за Африканските дизајнери

  9 јули 2010

Да не бидат надминати од нивните спортски колеги, африканските модни дизајнери ги прикажуваат своите таленти во своето мини светско првенство во мода од30 јуни до 3 јули.

Навивачите на Светското првенство реагираат на контроверзниот повик на судијата

Светското првенство во фудбал не би било она што е доколку не постои контроверзност во одлуките на судиите. Една таква одлука која досега го одбележа Светското првенство 2010 е онаа на судијата Коман Кулибали (Koman Coulibaly) кој не го призна голот на американскиот играч Еду, со што натпреварот заврши со...

За нашето покривање на Супсахарска Африка

Област во Африка која се наоѓа јужно од Сахара