Јужна Африка: Африканската модна недела ја поставува сцената за Африканските дизајнери

Africa Fashion Week. Извор: www.jamati.com

Светското првенство ФИФА 2010 ја стави Јужна Африка на мапата. Со фудбалското  првенство кое веќе се одвива во својата трета недела, скоро без инциденти, се докажа дека Африка го има она што е потребно за да биде сериозен играч во хостингот на  интернационалните настани.
Да не бидат надминати од нивните спортски колеги, африканските модни дизајнери ги прикажуваат  своите таленти во своето мини светско првенство. Ова е модната недела на Африка која ќе се одвива помеѓу 30 јуни и 3 Јули- кон крајот на светското првенство ФИФА 2010.

Според Africa Fashion International (која ќе биде домаќин на овој настан), основана во јужна Африка- Етаблирани Јужно африкански тешкаши од модниот свет вклучувајќи ги Marianne Fassler, Errol Arendz, Stoned Cherrie и David Tlale кои ќе се појават заедно со глобалните таленти како Deola Sagoe (неодамна од модната недела на Њу Јорк) и сега омилената Laquan Smith.

Jessica Ramohoebo ми ги искажа своите мисли за африканската модна индустрија


Јас неодамна се сретнав со јужно- африканската стилистка и блогерка со седиште во Дубаи, Jessica Ramohoebo, и ја прашав за Африка и модната индустрија.

Медиумите најчесто ја опишуваат Африка како  погодена од борбите што се случуваат таму и прегладнет континент  кој секогаш има потреба од помош. Додека има многу нешта од кои што не можеме да побегнеме, постои и посветла страна на Африка. Не е се сиромаштија- ние сме креативна група на луѓе! Модата е уметност и уметноста никогаш не треба да биде убиена. Во суштината е еден вид уметност и се што произлегува од тоа.

Со сите свои проблеми, треба ли Африканците да бидат фокусирани на модата?

Во никој случај во модната индустрија не се исмејува катастрофата. Како африканци ние треба одговорно да ги употребуваме своите вештини. Нашата модна индустрија овозможува работни места за луѓето- ние даваме придонес.

Др. Precious Moloi-Motsepe, претседател на African Fashion International вели во изјавата за медиумите,

Модната недела во Африка обезбедува платформа за блескавите ѕвезди во дијаспората, континентот и државата. Светот продолжува со својата љубовната афера кон сите африкански нешта.  Многу е важно ние тука во Африка да продолжиме да ја поддржуваме Африка како референтна точка, а не како клише.

Ndebele дизајн

Назад кон Jessica.  Па, што може Африка да понуди во светот на модата?

Ние само ја допираме површината на се она што можеме да го направиме. Јас ова лично го имам видено во моите патувања. Другите места едноставно го немаат она што ние го имаме. Целиот континент е инспиративен. Ние сме среќни што не сме бомбардирани од синџирот на продавници. Ние сме способни да развиеме наш, сопствен, “African-ness”. Светот забележува. Само погледнете во Christian Louboutin кој го употребува Ndebele инспиративниот дизајн во неговите чевли.

Има возбуда во блогосферата во врска со овој настан. Nyiti Tabiti забележува:

Супер Орлите на Нигерија (Ајде да им простиме на оние кои ги нарекуваат супер кокошки) можеби немаа врвен настап на светското првенство во јужна Африка ФИФА 2010, но ние сме горди со тоа што нашите модни идоли исто така одат таму за да се докажат овој месец.

Гласот на Nana Fosu вели дека настанот е комплетно редок и уникатен:

Редок е, но всушност целосно уникатен, да се имаат сите водечки гласови на African Fashion на едно место, во една земја, во исто време.

Jacquie Myburgh Chemaly го смета настанот како “прекрасна пауза од целото фудбалско лудило “:

Африканската модна недела е прекрасна пауза од целото фудбалско лудило иако седиштата беа за жал празни за првата ревија  попладнето. Јас посакував сите оние кои немаa фудбал за гледање да беа поканети  да сведочат за работата на нашиот вешт моден тим.

Blckseed пишува за првата ноќ на шоуто:

Втората годишна Модна недела во Африка, започна не толку мазно минатата ноќ во Sandton Convention Centre  со задоцнување од 45 минути. Јас го пропуштив првото шоу, но успеав да го видам второто; приказ на гламур и блескавост од страна на нигерската дизајнерка Deola Sagoe. Нејзините коктел фустани претставуваа изложба на изработка со многу детали во форма на украси (токи) и сирени во вид на карнери и фалти, истовремено.

“Стилско лансирање за модната недела во Африка” е видеото на Lebogang Tsele на настанот поставено на Times Live Multimedia.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.