· јануари, 2013

Написи за Источна Азија од јануари, 2013

Блогери на Глобал Војсис стануваат ментори на млади активисти од 10 земји

  28 јануари 2013

Денес, ги објавуваме имињата на 10те блогери од Глобал Војсис и оние на 11те активисти кои ќе работат заедно во следните месеци во рамките на иницијативата за менторство развиена од страна на Глобал Војсис и Активиста, мрежата на млади од меѓународната организација за развој ActionAid. Активиста одбра активисти од 10 земји...

Кина: Кариерата на владин пропагандист прекината поради вирален дневник на љубовница

Уште еден секс-скандал, разоткриен преку интернет од љубовницата на Ји Јунгинг, висок функционер задолжен за пропаганда, довел до оставка на Ји. Целата сторија (на англиски) ја пренесува блогот Министерство за тофу.

Штрајк на новинари во Кина – редок случај на спротивставување на цензура

  11 јануари 2013

„Јужен викенд“ многу угледен весник кој порано бил на чело на реформите на медиумите во Кина, паднал во немилост. Набрзо по објавување изјава со која весникот демантира дека владиното министерство за пропаганда влијаело на неодамнешното цензурирање и ревидирање на новогодишна колумна, голем дел од редакцијата објави штрајк поради прилната злоупотреба на официјалниот микроблог.