· јули, 2009

Написи за Човекови права од јули, 2009

Азербејџан: Видео кампања за ослободување на притворените активисти

Неодамнешното притворање на двајцата кибер активисти и младински лидери во Азербејџан минатата недела предизвика вџашеност кај блогерите и активистите во и надвор од Азербејџан, па сега се покрена видео кампања со цел да се повика азербејџанската влада да ги ослободи двајцата лидери на младинското движење: Аднан Хајизада и Емин Мили.

20 јули 2009

Азербејџан: Граѓанските медиуми во одбрана на притворените активисти, блогери

Иако најмногу активност има на Фејсбук каде корисниците продолжуваат со најнови вести за случајот на видео блогерот Аднан Хајизаде и младинскиот активист Емин Мили,кои беа притворени минатата недела и осудени на истражен притвор од два месеци, помала активност евидлива и во конвенционалните медиуми, но ситуацијата се менува.Сепак, граѓанските медиуми остануваат главниот извор на информации.

19 јули 2009

Азербејџан: Активист, истакнат блогер во затвор после судење зад затворени врати

За што и да беше првиот случај на истакнат блогер, напaданат и притворен во Јужен Кавказ, двајца активисти вчера беа затворени на два месеци во истражен затвор што многумина го сметаат за пародија на правдата.

19 јули 2009

САД: Еден чекор поблиску до отстранување на забраната за патување на ХИВ позитивните лица

Минатата недела владата на САД ги започна последните чекори потребни за да се отстранат рестрикциите за патување и миграција на ХИВ позитивните странци. Со моменталната забрана ХИВ позитивните странци, без...

14 јули 2009

Египетска жена убиена во германски суд поради тоа што носела вел

Египетските блогери ги здружија силите за да го осудат убиството на египетска жена која носела вел во германската судница. Марва Ел Шербини , 32, која во времето на убиствотот беше бремена беше избодена 18 пати од човекот кој таа го тужела поради тоа што тој ја навредувал затоа што носела Хијаб (исламски вел) откако судиите пресудиле во нејзина корист. Еве приказ на реакциите од Египет.

13 јули 2009