Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Азербејџан: Видео кампања за ослободување на притворените активисти

Неодамнешното притворање на двајцата кибер-активисти и младински лидери во Азербејџан минатата недела предизвика вџашеност кај блогерите и активистите во и надвор од Азербејџан, па сега се покрена видео кампања со цел да се повика азербејџанската влада да ги ослободи двајцата лидери на младинското движење: Аднан Хајизада и Емин Мили.

Претходните постови на Глобал Воисес ги пренесоа следните информации: од 8 јули во притвор под обвинение за хулиганство, до реакциите од блогосферата за нивното апсење и затварање. Краток преглед на наведените настани беше понуден на страницата на  Support Azerbaijani Youth Acitvist's (Поддржете ги азербејџанските младински активисти) каде луѓето можат да поставуваат свои видеа за поддршка:

На 8 јули додека  лидерите на азербејџанското младинско движење Аднан Хајизада и Емин Мили зборуваа со своите пријатели во ресторан двајца непознати спортисти ги нападнаа и започнаа да ги тепаат. Како резултат на тоа, на Аднан му беше скршен носот и стапалото на Емин беше повредено.

И покрај фактот што тие самите отидоа во полицијата за да се жалат како жртви, полицијата ги уапси како осомничени. Спортистите кои ги нападнаа нив беа пуштени. Никаква медицинска помош не им беше пружена на Аднан и Емин цели 48 часа. Не им беше дозволено да се сретнат со нивните адвокати.

После 48 часа судот им одреди 2 месеци затвор без никаква основа и докази. Итрагата ќе продолжи за време на овие 2 месеци истражен затвор. Истрагата е лажна. Судот се претвори во театар.

Не ги оставајте младите Азербејџани сами.

Ве молиме за поддршка. Не дозволувајте младите Азербејџанци кои се борат за демократијата да бидат замолчени.

Следи нивниот повик до сите видео блогери да направат видео во кое бараат ослободување за Аднан и Емин:

Луѓето веќе се отповикаа на ова барање (вклучувајќи ме и мене) и ги поставија своите видеа за поддршка:

Од Тајван:

Од Азербејџан:

и од Хаваи:

Да испратиш своја порака за поддршка е лесно:

1. Земи камера
2. Претстави се: Моето име е… Јас  сум од…
3. Испрати ја својата порака до Аднан и Емин
4. Заврши го видеото со зборовите: Ја повикувам азербејџанската влада да го прекине ова беззаконие
5. Постави го видеото на Јутуб со име „Поддршка за Аднан и Емин“
6. Испрати го линкот до видеото на  ol.azerbaijan@gmail.com

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.