Во она што можеби е првиот случај каде истакнат блогер е нападанат и притворен во Јужен Кавказ, двајца активисти на 11 јули беа затворени на два месеци во истражен затвор што многумина го сметаат за пародија на правдата.
Не беше дозволен пристап на судењето кое се одржа зад затворени врати, на Facebook беше известено дека германскиот арбитер за човекови права, кој во тоа време се наоѓал во Баку, смета дека таквото однесување е повреда на азербејџанските меѓународни обврски.
Ноќта кога Емин Мили и Аднан Хајизада беа нападнати и подоцна притворени од полицијата, азербејџанскиот автор на Global Voices, Али С. Новрузов ги информираше читателите за настанот. Радио Слободна Европа/Радио Либерти (RFE/RL) исто така извести за инцидентот.
Емин Мили е познат како критичар на владата кој е многу активен во социјалните мрежи како Facebook. Хајизада е еден од основачите на OL Youth Group (ОЛ Младинска група), која ги обработува социјалните проблеми на младите луѓе со популарни видеа на Youtube и сајтовите на социјалните мрежи.
Активистот за човековите права Леила Јунус вели дека начинот на кој активистите биле нападнати и уапсени ја води до заклучок дека целиот инцидент не можел да биде планиран од специјалните служби и полицијата. Таа го посочува случајот на Куанумат Захид, главен уредник на весникот “Азадлик”, кој бил осуден на 4 години затвор за хулиганизам откога бил нападнат од непозната личност.
Американската, германската и норвешката амбасада ја изразија својата загриженост и надеж дека владата ќе ги казни оние што ги нападнале активистите и ќе ги пуштат Мили и Хајизада.
Сметани од многумина за две од од најистакнатите младински движења, и OL! и AN Network се покажаа многу продуктивни во нивната употреба на новите медиумски алатки како блоговите, социјалните мрежи и Youtube за промовирање на ненасилството, модернизацијата, толеранцијата и демократијата во Азербејџан.
Ние веруваме дека за да се обезбеди здрава иднина на Азербејџан му е потребно независно мислење, добро едуцирани и способни млади. Младите исто така ја носат одговорноста за иднината на државата и сувереноста […]”OL!” Движењето е движење на младите кои без разлика на нивната националност, јазик, религија и пол, се стремат кон одржлив и севкупен развој на Азербејџан.
Младите активисти и нивните пријатели веќе се појавија на радарот со протест прекинат од полицијата во мај за време на кој Мили исто така беше задржан заедно со уште неколкумина. Навистина, на денот на судењето, RFE/RL се прашуваше дали некои од овие активности го привлекоа вниманието на авторитетите.
Вчера пишувавме за апсењето на двајца азербејџански млади активисти. Видеото погоре, продуцирано и дистрибуирано од OL и AN младинското движење, е таков тип на работа што најверојатно ги ставило во жешка вода.
Главниот во OL, Аднан Хајизаде е еден од двајцата уапсени.
Во ова видео, членовите на OL прават шега со владата за нејзиното трошење на пари од нафта. По известувањето на локалните медиуми дека Азербејџан увезол две магариња од странство секое по цена од 41,000 долари, едно од магарињата држи прес конференција
Реакцијата онлајн брзо се појави. Употребувајќи ги Facebook и Twitter, можеше да се добијат новости за нивното притворување, а подоцна и судењето се појави на Интернет.
Лични рефлексии за инцидентот исто така се појавија и на блоговите.
Борба со ветерници? Земи апче. беше посебно вознемирувачко.
Пред два дена се наоѓав на забава на покрив кај еден мој пријател, пиејќи вино, разговарајќи со пријателите, уживајќи во времето и животот воопшто. “Го сакам Баку во лето”, реков. И навистина се почувствував среќен затоа што живеам во овој град, за прв пат после долго време.
Денес се изгледа поинаку. Времето ме нервира, дрвјата се премногу зелени, луѓето се безначајни и двајца мои блиски пријатели се претепани, притворени и против нив има покренато обвинение, толку јасно дека се наместени.
Седум часа пред полициската станица, три часа спиење прегрнувајќи го лаптопот и гневот, врескајќи во себе.
[…]
Пред четири години ќе бев шокиран слушајќи слични приказни за неправдите во Туркменистан од мој пријател. Денес ја живеам најлошата ноќна мора, борејќи се за слободата на двајца од најдобрите Азербејџанци, на кои сум горд што сум им пријател.Изнемоштен сум, загрижен и лут.
Прашајте ме дали го сакам Баку во лето.
lying Carpets и Broken Pipelines беше слично вознемирени и посебно кога се донесе пресудата. Меѓутоа, блогереот го истакнува ефектот што случајот го има врз младите луѓе во Азербејџан.
Овој пост нема наслов. Овој пост нема тема. Овој пост зборува за мојата фрустрација и разочарување. Овој пост е за изневерувањето и се друго што е негативно и што не можам да го објаснам со зборови, затоа што понекогаш зборовите не се доволни. И конечно овој пост е за бесот и гневот за она што се случи денес! Аднан и Емин беа осудени на два месеци затворска казна врз основа на обвинение за хулиганизам!!!
[…]
Што се случи со мојата земја? Зошто Азербејџан стана место каде луѓето лажат, каде нема доверба, каде има премногу корупција, така што кога ќе застанеш во редот, автоматски започнуваш да мислиш дека треба да платиш за редот воопшто да се помрдне?! Зошто повеќе нема правда?
[…]
Сега само го проверувам Фејсбук и најновите вести што сум ги испуштил во текот на овие неколку часови кога немав интернет конекција. Гледам тага, гледам гнев, но најважно е што не гледам надеж! Некои од овие постови се полни го лутина, други со омраза, додека некои се зборови за поддршка за Емин и Аднан!
Отворена е страна на Фејсбук за поддршка на Емин Мили и Аднан Хајизада. Таму исто така има и петиција која може да се потпише онлајн. OL! има и Youtube канал тука. Најнови вести за овој случај може да се најдат и на блогот на OL!.
1 коментар