Азербејџан: Граѓанските медиуми во одбрана на притворените активисти, блогери

Иако најмногу активност има на Фејсбук каде корисниците продолжуваат со најнови вести за случајот на видео блогерот Аднан Хајизаде и младинскиот активист Емин Мили, кои беа притворени минатата недела и осудени на истражен притвор од два месеци,  помала активност е видлива и во конвенционалните медиуми, но ситуацијата се менува. Сепак, граѓанските медиуми остануваат главниот извор на информации.

Во личен пост од срцето, Fighting windlmills? Take a pill, се сеќава на нејзините пријатели кои сега седат во затвор што по се изгледа дека се политички молтивирани обвиненија.

Имам слика на десктопот – Емин го вее азербејџанското знаме пред зградата на Обединетите нации во Њујорк. Знамето на државата за  која тој работи и живее, за која тој сонува да биде ослободена од корупцијата и нечесните политичари, онаа за која тој се врати од Њујорк, онаа за која тој и Аднан ќе поминат барем два месеци во затвор..

[…]

“Да се биде дисидент е чест.” рече еден од моите Грузиски пријатели, кога му ја кажав целата приказна. Тоа е она што и Емин би го рекол, помислив. И потоа, замислив што тој би направил ако некој од нас биде притворен.

[…]

Тие велат “Можеш да ми го затвориш телото, но не и мојата душа.” Навистина, тие може да ги одведат Емин и Аднан, но љубовта што ја имаме никогаш нема да избледне, било што да се случи. Најчистата, безусловната, која не може да се купи со пари од нафта, која прави моите пријатели да чекаат да станам тетка и се грижат да стигнам дома сигурно, оние кои направија 50 луѓе да ја пејат азербеjџанската химна пред судот во Сабаил. Таков вид на љубов, која ги охрабрува луѓето низ целиот свет да го заборават стравот и да се борат за слободата на нашите пријатели без разлика што ќе се случи.

[…]

Стоиме обединети!

Хумаи, друга пријателка на Хзјизаде исто така постираше лична порака на нејзината страна на Фејсбук за да го одбележи неговиот роденден.

Никакви помпезни зборови не би звучеле толку горко, но навистина е привилегија да го познавам Аднан толку добро. Тој е навистина еден од ретките. Аднан живееше според неговата вистина, дефинирајќи се себеси повторно и повторно преку повремени фрустрации, но никогаш не се плашеше од предизвиците од себе и од другите. […]

[…]

Аднан, денес имаш 26 години. Го славиш овој ден зад решетки. Или претпоставувам дека не славиш. Но, ние славиме. Среќна сум затоа што влезе во овој свет и во нашите животи. Среќна сум затоа што ми покажа колку многу  може еден човек самиот да направи. Ми покажа дека еден човек кој верува вреди колку илјада кои работат од интерес. Среќна сум затоа што се осмели да сонуваш и нас не зема на патување со себе. Те молам да продолжиш да сонуваш. Не сакам реквием на сон. И те молам врати се назад. Ни недостигаш.

Во меѓувреме, Media Helping Media , непрофитна организација која им помага на новинарите и активистите од земјите како Азербејџан, вели дека блоговите и Twitter биле пресудни во ширењето на веста за апсењето на Хазијаде и Мили многу побргу отколку традиционалните медиуми.

На традициналните пренесувачи на вести им беше потребно најмалку 24 часа за да стигнат со известувањето за апсењето на двајцата лидери на младинското движење во Азербејџан. За тоа време десетици блогови поставија најнови вести и веројатно беа испратени илјадници твитови. Вестите беа насекаде; секаде освен во традиционалните медиуми. Кога вестите стигнаа кај нив веќе беа само потсетници на вчерашните вести. Веројатно не беше прекасно за медиумите кои само ги репордуцираат новостите, но касно за оние што ги сакаат вестите тогаш кога ќе се случат.

[…]

Сето ова се случуваше во петок и сабота. Не можев да најдам ни збор за ова во традиционалните медиуми.

Скоро 24 часа подоцна вестите започнаа да пристигнуваат. Најпрво AFP прикажа напис ‘Блогери задржани под обвинение за хулиганство во Азербејџан: група за права’ а потоа Ројтерс ‘Азери, блогер притворен, главниот нафташ притиска за случајот’.

Добро, Ројтерс додаде многу интересен нов агол, дека BP, кај кој е вработен еден од уапсените, притиска за негово пуштање.

Двата добри написи, пренесени и преку Твитер се пренесија брзо како вирус, но со закаснување од 24 часа.

Мило ми е што не ги чекав традиционалните медиуми, да известат. Ако чекав, ќе загубев 24часа и ќе читав вчерашни вести.

Случајно, бидејќи денес е роденден на Аднан Хајизаде, читателите на Global Voices Online можат да оставаат пораки или на блогот на OL! или  овде за да ги поддржат притворените активисти. Страната на Фејсбук е поставена со цел да се поддржат Емин Мили и Аднан Хајизада. Исто така има и петиција која може да се потпише онлајн овде.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.