100 дена за Ала: Семејството на египетскиот активист ги одбројува деновите до неговото пуштање од затвор

Ала Абд Ел Фатах, фотографија на Нариман Ел-Мофти.
По пет години поминати во затвор, египетскиот блогер и активист Ала Абд Ел Фатах треба да биде пуштен на слобода на 17 март 2019. На 8 декември, неговото семејство ја започна кампањата насловена како „100 дена за Ала“ со цел да биде сигурно дека затворската казна ќе заврши навреме.
Пуштањето, кое треба да се случи во март, не значи крај времето поминато во затвор туку премин кон крајната фаза на казната на Ала. Откако ќе биде пуштен, Ала ќе треба да преноќува во локалната полициска станица во наредните пет години. Тој ќе биде под полициски надзор за цело ова време.
Ала беше уапсен и одведен од неговиот дом во ноември 2013. По повеќе од една година, во февруари 2015, тој конечно беше изведен пред суд и осуден на петгодишна затворска казна заради „организирање“ протест според законот за протести од 2013 кој забранува неовластени демонстрации. Иако учествуваше во протестот против воените судења на цивили на 26 ноември 2013, Ала немал никаква поврзаност со организацијата. Неговата казна беше потврдена од страна на Касациониот суд на Египет во ноември 2017.
Братучедот на Ала, Омар Роберт Хамилтон, на „Твитер“ ги изнесе целите на кампањата:
- To re-focus local and international attention on his case to ensure that Alaa is actually released on March 17th.
- To enter the concept of المراقبة (‘surveillance’ or ‘parole’) into the public consciousness. After release, Alaa is still sentenced to spend every night in his local police station for *five years*. We need to lay the groundwork for pressure against this.
1. Повторно да се сврти локалното и меѓународното внимание на неговиот случај со цел Ала навистина да биде ослободен на 17 март.
2. Да се вметне концептот на المراقبة („надзор“ или „условна казна“) во свеста на јавноста. По пуштањето од затвор, Ала сѐ уште треба да ги поминува ноќите во локалната полициска станица во наредните *пет години*. Треба да ги поставиме основите за притисок против ова.
Ала е затворан или испрашуван за време на мандатите на сите египетски шефови на државата. Во 2006 тој беше уапсен за учество во мирен протест. Во 2011 помина два месеца во затвор и го пропушти раѓањето на своето прво дете Калед. Во 2013 тој беше уапсен и помина 115 дена во притвор без судење.
Ала и неговата сопруга, Манал Хасан, долго време работат на проекти за технологија и политички активизам. Тој доаѓа од семејство на истакнати застапници на човекови права, меѓу кои е и адвокатот за човекови права Ахмед Сеиф Ел Ислам, таткото на Ала, кој повеќепати лежеше затвор за време на режимот на Хосни Мубарак. Сестрите на Абд Ел Фатах, Мона и Сана Сеиф, се исто така поборници за човекови права кои долго време водат кампањи против воените судења на цивили во земјата. Во 2016 Сана отслужи шестмесечна затворска казна заради навреда на јавен функционер.
Маките на Ала се слични со оние на многу други Египќани кои се зад решетки заради нивниот активизам. Според групите за човекови права, во Египет има околу 60.000 политички затвореници. Уапсените врз основа на политички мотивирани обвиненија се честопати подложени на присилно исчезнување, тортури, одложен притвор и се затворани во самици.
Придружете се на кампањата „Ослободете го Ала“ [#FreeAlaa]
Во своето писмо до присутните на конференцијата за дигитални права во Торонто „РајтсКон“, која се одржа во мај 2018, Ала ги повика поддржувачите „да ги поправат [нивните] демократии“.
This has always been my answer to the question “how can we help?” I still believe [fixing democracy] is the only possible answer. Not only is where you live, work, vote, pay tax and organize the place where you have more influence, but a setback for human rights in a place where democracy has deep roots is certain to be used as an excuse for even worse violations in societies where rights are more fragile. I trust recent events made it evident that there is much that needs fixing. I look forward to being inspired by how you go about fixing it.
Ова отсекогаш бил мојот одговор на прашањето „како може да помогнеме?“ Сѐ уште верувам дека [поправањето на демократијата] е единствениот можен одговор. Не само онаму кадешто живеете, работите, гласате, плаќате даноци и го организирате местото кадешто сте повлијателни, туку отежнувањето на човековите права во место кадешто демократијата е цврсто вкоренета сигурно ќе се користи како изговор за уште полоши прекршоци во општествата во кои правата се покревки. Верувам дека со неодамнешните настани очигледно е дека има многу за поправање. Едвај чекам да се инспирирам од начинот на поправање.
Оние кои сакаат да се приклучат кон кампањата „100 дена за Ала“ може да испратат „есеи, фотографии или акти на солидарност“ кои ќе бидат објавени на веб-страницата на кампањата:
This is an open-source campaign – we'll be putting out some new ideas, but need new thoughts and new energy coming in too. So get thinking with us!
The hashtag, as always, is #FreeAlaa – please join us in preparing the ground for Alaa's release.
Ова е кампања со отворен код – ќе додаваме нови идеи, но ни требаат и нови мисли и нова енергија. Почнете да мислите со нас!
Хаштагот, како и секогаш е #FreeAlaa [Ослободете го Ала] – придружете ни се да го подготвиме теренот за ослободувањето на Ала.
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
Категории

Започни ја конверзацијата
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!