Кривичниот суд во Каиро му изрече казна од пет години затвор на египетскиот фоторепортер Махмуд Шавкан заради тоа што извествуал за судирите на Рабаа Ал-Адавија во 2013 година. Но бидејќи тој веќе е во притвор повеќе од пет години, неговиот адвокат изјави дека ќе може да биде ослободен во наредните неколку дена.
Пресудата на Шавкан беше донесена на масовно судење што вклучуваше 739 луѓе обвинети по насилното растурање на протестниот камп за поддршка на претходниот претседател на Египет Мохамед Морси од 2013 година. За време на судењето, на 75 истакнати членови и приврзаници на Муслиманското братство им беше изречена смртна казна.
Шавкан (31) беше обвинет за убиство и поврзаност со Муслиманското братство, кое неколку влади во регионот го сметаат за терористичка група.
Претседателот Морси беше симнат од власт по масовните демонстрации што се случуваа кон крајот на јуни 2013. По отстранувањето на Морси, предводено од актуелниот претседател Абделфата ел Сиси, следеа едни од најнасилните мерки против исламистите и дисидентите, оставајќи празнотија на опозициската сцена во Египет.
Продолжен притвор
Притворот на Шавкан се продолжи заради одложените судења, без официјални потврдени обвиненија. И обвиненијата и одложувањата беа критикувани од јавноста и доведоа до глобални кампањи кои повикуваат на ослободување на Шавкан. Дел од групите што се залагаа за негово ослободување се „Новинарство зад решетки“ (Press Behind Bars), „Ослободено новинарство“ (Press Uncuffed) , „Слобода за Шавкан“ (Freedom for Shawkan), „Фото-награди Шавкан“ (Shawkan Photo Awards) – натпревар што цели да се признае фоторепортеството во Египет.
Затворот Тора, еден од најпознатите затвори во Египет познат како место за политичките затвореници, е локацијата каде е затворен Шавкан. Во март 2015 година, Шавкан напиша писмо објавено од Комитетот за заштита на новинарите, во кое затворот го опиша како гробишта:
It is a place where dreams come to die. A five-star paradise by Egyptian prison standards, I sleep on a cold tiled floor, I hang my bags of belongings on nails over my thin mattress. There is a tiny “kitchenette” where we prepare our food. We have a single element electric cooker, which we also use for warmth in the winter months. The “kitchenette” is adjacent to a squat-down drop toilet, which is basically a hole in the concrete floor. Both areas are separated by a hanging blanket to try and provide an element of privacy. Our dignity was left at the prison gates.
Ова е место каде што соништата умираат. Рај со пет ѕвездички по египтеските затворски стандарди, спијам на студен под, си ги закачувам торбите со лични работи на клинци заковани над мојот тенок душек. Има мала „кујничка“ каде си ја подготвуваме храната. Имаме едно решо, која ја користиме и за да се стоплиме преку зима. „Кујничката“ е веднаш до тоалетот со клекнување, кој всушност е дупка во цементниот под. Двата дела се одделени со ќебе што виси за да се обезбеди барем малку приватност. Достоинството ни остана пред затворските порти.
Во април 2018, Шавкан стана првиот Египќанец добитник на Наградата за придонес кон слобода на медиумите која ја доделува УНЕСКО, откако беше избран од независно жири составено од професионалци. Египтеското министерство за надворешни работи и парламентот ја осудија оваа одлука.
Радост за пресудата
Претстојното ослободување на Шавкан го прославија здруженијата за заштита на правата и активистите на социјалните медиуми. Поранешниот политички затвореник Мохамед Солтан тврди дека тој воопшто не требало да биде притворен:
Shawkan, an award winning journalist, was sentenced to 5 years in prison (which he already served).
Shawkan will be released. Thats very good news he’ll finally be free. BUT he shouldn’t have been in prison for being a photojournalist in the 1st place. https://t.co/i5AmFEDjes
— Mohamed Soltan | محمد سلطان (@soltanlife) September 8, 2018
Шавкан, наградуван новинар, беше осуден на 5 години затвор (што веќе ги отслужи). Шавкан ќе биде ослободен. Одлична вест е што конечно ќе биде слободен. НО, тој воопшто не требаше да оди во затвор само заради тоа што е фоторепортер.
Новинарот Бел Тру се повтори со твитот на Солтан, велејќи:
Fantastic news that Shawkan will soon and finally be free. But only because he has already served 5 years in jail – the sentence he was handed today. He never should have been behind bars. He was arrested while doing his job as a photographer. #Egypt
— Bel Trew (@Beltrew) September 8, 2018
Одлични вести дека Шавкан наскоро и конечно ќе биде слободен. Но, само затоа што тој веќе помина 5 години во затвор – казната што ја доби денес. Тој не требаше да биде зад решетки. Беше уапсен вршејќи ја својата работа како фотограф. #Egypt [#Египет]
ТВ презентерот Осама Гавиш го искритикува казнувањето на жртвите од масакарот во Раба:
مبروك ل #شوكان وكل الأبطال اللي هيخرجوا بعد انتهاء مدة الحبس خمس سنين
والعار كل العار لقاضي باع ضميره وشرفه ودنس منصة العدالة وحكم بالإعدام على ضحايا مجزرة رابعة العدوية
— أسامة جاويش (@osgaweesh) September 8, 2018
Честитки до Шавкан и сите херои што ќе бидат ослободени. Да се засрамат судиите што немаат совест, ја извалкаа правдата и казнија други жртви од масакарот во Раба.
Активистот Мостафа Хегази се радува за семејството на Шавкан:
شوكان خلاص هيخرج، صحيح فرحة خروجه مطفية وسط بقية الأخبار السيئة بس على الأقل أسرة واحدة هتبات سعيدة النهارده لأول مرة من خمس سنين.. مبروك حريتك يا شوكان pic.twitter.com/baCCWys4BN
— .مُصْطفى (@iHegazy_) September 8, 2018
Една добра вест помеѓу многу други лоши, барем едно семејство денес е среќно за првпат по пет години. Честитки за ослободувањето, Шавкан.
Пресуди за нивно уништување?
Иако ослободувањето на Шавкан претставува победа за борците за човекови права, неговата пресуда беше дел од масовно судење на кое 75 луѓе добија смртна казна.
Казната на судот е во согласност со систематскиот пристап на претседателот Абделфата ел Сиси да ги уапси членовите на Муслиманското братство откако по вторпат победи на претседателските избори оваа година, каде единствениот противник беше поддржувач на неговата кампања, кој ветуваше поголема политичка моќ за војската.
Сиси прави сè што е во негова моќ да го докрајчи Муслиманското братство откако стана претседател во 2014, било со масовно апсење, политичко гонење или присилно исчезнување.