Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Кога Египет ќе го ослободи фоторепортерот Шавкан?

Кампањата „Слобода за Шавкан“ сподели фотографија на „Фејсбук“ (Текст од фотографијата: „Се чувствувам како да сум заборавен во затвор“ Шавкан, египетски фоторепортер оставен сам на себе, ослободете го Шавкан новинарството не е злочин)

На почетокот на септември, Кривичниот суд во Каиро му изрече петгодишна казна затвор на фоторепортерот Махмуд Абу Зеид, а по пресудата им олесни на неговите поддржувачи.

Махмуд Абу Зеид, на Интернет познат како Шавкан, беше незаконски притворен и му се судеше за фотографирање при крвавиот судар на Раба Ал-Адавија, кога египетските безбедносни сили убија најмалку 817 луѓе и повредија многумина. Во тој период, Шавкан работеше за „Демотикс“.

31-годишниот фотограф веќе помина пет години во затвор исчекувајќи го судењето, па постоеше надеж дека нема да треба дополнително да ја отслужува казната. Но, дури и еден месец по донесувањето на пресудата, Шавкан сè уште е во затвор.

На Шавкан и 739 други луѓе им се судеше за случајот „Насилно растурање на протестите на Раба Ал-Адавија“. Тој беше уапсен на 14 август 2013 додека го документираше мирниот протест кога поддржувачите на претходниот египетски претседател Мохамед Морси, протестираа против државниот удар со кој се стави крај на неговиот претседателски мандат на 3 јули истата година. Шавкан помина речиси четири години во притвор, што се коси со египетскиот закон кој дозволува најмногу две години притвор.

На 8 септември 2018, Шавкан беше осуден за невистинити обвиненија за убиство и поврзаност со Муслиманското братство, кое египетската влада го назначи како терористичка група.

На истото судење, 75 истакнати членови и приврзаници на Муслиманското братство добија смртна казна, а 47 луѓе добија доживотна казна затвор.

Тортурата врз Шавкан уште не е завршена и покрај надежите дека наскоро ќе биде ослободен, и нема јавно објаснување зошто тој остана во затвор. Неговите поддржувачи бараат тој да биде ослободен.

#Египет 🇪🇬:  Повеќе од еден месец по неправедната пресуда и 5 години поминати во затвор, фоторепортерот Шавкан Зеид 📷 останува зад решетки. Мора да биде ослободен веднаш! #Freeshawkan [Ослободете го Шавкан] #PressFreedom [Слобода за новинарството]

Во изјава од 11 октомври, Арапската мрежа за информации за човекови права (АНХРИ) ги повика египетските власти да го ослобдат Шавкан и ги осудија неправилностите за време на судењето:

The first blow came when officials, officers, and soldiers had been excluded in the indictment or the formal statement of accusations, despite the hundreds of victims who fell on 14 August 2013, the day the sit-in was dispersed. The second blow is that hundreds of defendants had already exceeded the maximum period of pretrial detention by law. And finally, those who already served their full sentences are being deprived of the right to be released, in a blatant disregard of the judiciary decisions.

Првиот удар ни го зададоа кога од обвинението беа изземени функционерите, офицерите и војниците и покрај стотиците жртви од 14 август 2013, денот кога се растури мирниот протест. Вториот удар ни го зададоа кога стотици обвинети го поминаа повеќе време во притвор одошто е максимално пропишано со закон. И на крај, оние кои веќе ги отслужија своите казни ги лишија од правото да бидат ослободени, а тоа е бесрамно непочитување на судските одлуки.

Шавкан се мачи во затвор слично како и многу други луѓе кои венеат во египетските затвори. Оние кои се уапсени заради обвиненија со политичка заднина се подложени на бројни прекршоци во постапката, меѓу кои произволни апсења, насилни исчезнувања, измачувања, продолжени притвори и затворање во самица.

На 10 октомври, Шавкан шеста година по ред го прослави својот роденден во затвор и наполни 31 година. Уште колку родендени ќе мора да слави зад решетки?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.