„Симфонија за Перу“: Учење на деца низ музика

14300806495_dfb37fa22b_k

Деца од Симфонија за Перу на концерт. Фотографија: Фликер/ Miraflores City Hall (CC BY 2.0).

Познатиот перуански тенро Хуан Диего Флорез раководи со организација наречена Симфонија за Перу, инспирирана од Националната мрежа на детски и младински оркестри на Венецуела. Групата овозможува музичко подучување на деца со посебни потреби.

Организацијата на Флорез е активна веќе пет години, и резултатите досега се позитивни. Според извештај на перуанското Биро за студии на развој, „учесниците развиваат повисока самодоверба, поголема истрајност во остварувањето на нивните цели, зголемена креативност и подобри начини на соживот во општеството.“

Во напис за En busca del milagro peruano (Трагајќи по перуанското чудо), Пабло Макалупу-Кумпен вели дека Симфонија за Перу користи музика за негување на вредности кои траат целиот живот:

[Sinfonía por el Perú] formar con todo el rigor posible a cientos (quizá ya sean miles) de niños en todo el país, y la mejor manera de hacerlo es con música, porque la música, como dijo el psiquiatra inglés Anthony Storr, tiene la capacidad de transformar nuestra existencia por completo.

[Симфонија за Перу] интервенира и реформира деца многу ригорозно —стотици (можеби веќе и илјадници) деца низ целата држава, и најдобриот начин да се направи ова е со музика, бидејќи музиката, со зборовите на англискиот психијатар Ентони Стор, има капацитет целосно да го трансформира нашето постоење.

Во моментов има околу 800 деца учесници во Симфонија за Перу. Тие доаѓаат од четири различни покраини во државата, според Преглед на ефективноста на развојот (годишен извештај од интер-американската Банка за развој со која ги прикажуваат резултатите и влијанието на нивната работа):

Проектот основа четири музички центри во четири многу различни покраини на Перу: маргинализираните урбани гета во Трухиљо (крајбрежје), Хуанкајо (планински предел), Хуануко (дождовна шума), и Манчај-Лима (пустина). Секој од центрите носи музика во животите на речиси 200 деца и млади кои живеат на границата на сиромаштијата или под неа. […] Сетингот на програмата им помага на децата да ја развијат нивната самодоверба, ги охрабрува да си поставуваат цели во животот како и да ги остваруваат, промовира подобрени резултати во училиште, ги зацврствува семејните врски, и фасилитира позитивно вклучување во општеството.

Корисниците на Твитер беа зафатени дискутирајќи, дури и промовирајќи ги планираните активности на Симфонија за Перу:

Повик за Симфонија за Перу – Хуануко прва група.

Талент од Перу! “El Cóndor Pasa” изведена од Симфонија за Перу.

Симфонија за Перу: моќта на музиката која генерира одржлив развој.

Симфонија за Перу – Трухиљо прва група во Културниот Центар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.