Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Медиумски активист од Сирија: „Тука е страшно и ужасно, Алепо стана град на хоророт“

Gnaid, center, with his newborn daughter . Used with permission.

Неид, центар, со неговата новородена ќерка и семејството. Се користи со дозвола.

„Алепо е жив и нема да умре!”

Ова го напиша телевизискиот новинар Неид на Фејсбук кога го објави раѓањето на својата мала ќерка, неговото второ дете, во четвртокот на 24 ноември 2016 година.

Неид работи за медиумската активистичка група „Aleppo Today“ подготвувајќи дневни вести, а исто така работи и со медиумскиот центар на Алепo (МЦА) во источниот дел на градот Алепo во Сирија. Единствен начин преку кој може да комуницира со „Global Voices“ е сателитската испрекината интернет врска. Живее со својата жена, својот млад син, новородената ќерка и двајца роднини.

И двете деца се родени и растат за време на опсада. На почетокот од минатата недела, Неид во неколку наврати им соопшти на „Global Voices“ дека државните сили на Сирија се на само неколку километри од неговата куќа и дека граѓаните и новинарите кои сè уште се наоѓаат во источен Алепo се во паника.

Во моментов, добиваме информации дека поради брзото напредување во изминатите денови прикриено со руското бомбардирање и големата поддршка од повлечената иранска војска, силите кои го поддржуваат претседателот Башар ал Асад владеат во поголемиот дел од источен Алепо. Од 2012 година градот е поделен помеѓу бунтовниците кои владеат во источен Алепо и државата која владее во западен Алепо. Во декември 2013 во Алепо се фрлени првите буре-бомби од страна на државата, а оттогаш се употребуваат секакви видови оружје, од хемиско оружје до касетни бомби, оставајќи го источниот дел од градот во целосни рушевини. Потоа, во јули 2016 година, државата наметна свирепа опсада кога ги објави своите намери повторно да го освои источен Алепо за неколку месеци.

Кога Неид и неговото семејство ги разгледувале можностите за напуштање на источниот дел на Алепо наишле на многу препреки. Одењето во соседна Турција е тешко, а областите во Сирија кои се заземени од државата се опасни за медиумски активисти кои се плашат од апсење, измачување па дури и смрт. Неид додаде дека може да преживее само доколку се предаде и држи портрет од Асад но, неговата гордост и чест не го дозволуваат тоа. Тој за „Global Voices“ изјави дека ваквиот начин е премногу понижувачки за него. Оттаму, Неид и семејството одлучиле да останат во источниот дел на Алепо.

„Вечерва бомбардирањата се жестоки.” – соопшти Неид во средата на 7 декември. „Тука е страшно и ужасно, Алепо стана град на хоророт.” Тој ја обвини меѓународната заедница за „недостаток на хуманост“:

My wife and I don’t have passports. We cannot travel, but we could keep ourselves alive here in Aleppo, even during the siege. There has to be a solution now. It’s our right to live in dignity and freedom, just like all people in this world. But unfortunately our voice is not heard over the sound of the weapons! An enormous number of people have lost their houses and are driven away by the violence and the bombs. Maybe our neighborhood will return to the regime. But we will hold on to our land! The shame is on the United Nations and all international organizations who could rescue the wounded but simply refuse to do so!

Јас и жена ми немаме пасоши. Не можеме да патуваме но, можеме да преживееме тука во Алепо дури и за време на опсадата. Во моментов мора да постои решение. Наше право е да живееме достоинствено и слободно како и сите луѓе во овој свет. Но, за жал нашиот глас не може да се чуе од звукот на оружјето! Огромен број луѓе ги изгубија своите домови и си заминаа од насилството и бомбите. Можеби нашата населба ќе му припадне на режимот. Но, ние ќе и останеме верни на нашата земја! Срамот им припаѓа на Обединетите нации и сите меѓународни организации кои можат да ги спасат ранетите, а едноставно одбиваат!

Неид потоа прати друга порака:

The situation is terribly difficult. I don’t know what to say. I am looking at the people. I do not want to leave. I do not want to leave Aleppo. I am tired and utterly exhausted. But there is nothing else to do for me than to stay. This is my land. There is nothing else for me than Aleppo. I don’t know what to do anymore. It’s in God’s hands.

Ситуацијата е многу тешка. Не знам што да кажам. Ги гледам луѓето. Не сакам да заминам. Не сакам да го напуштам Алепо. Јас сум изморен и сосема исцрпен. Не можам да направам ништо друго освен да останам. Ова е моја земја. За мене не постои ништо друго освен Алепо. Веќе не знам што да направам. Сега сè е во Божји раце.

На крај, во четвртокот на 8 декември, Неид прати порака која мислеше дека ќе му биде последна.

Half an hour ago the fighting started here. There is an enormous panic. Especially with the children. It is very very difficult now. There are rocket attacks by the Syrian Army. Soon there will be a battle now.

Тука пред половина час започна борбата. Има огромна паника. Особено помеѓу децата. Во моментов е многу многу тешко. Сиријската војска напаѓа со проектили. Наскоро ќе има судир.

За среќа, утрото во четвртокот на 13 декември, тој успеа да прати краток аудио запис до „Global Voices“ во кој вели:

We are okay thankfully. We're still waiting to see what's going to happen to us.

За среќа, добри сме. Сè уште чекаме да видиме што ќе ни се случи.

Во меѓувреме неговите колеги од медиумскиот центар на Алепо, објавија видео од 360 степени за да го покажат распространетиот пустеж во областа Ал Шаир, населба во источен Алепо.

Според Неид и неговото семејство, меѓународната заедница не презема ништо за да се спречи крвопролевањето. Единствената надеж во моментов е тој и неговото семејство безбедно да избегаат во останатите области кои ги држи опозицијата надевајќи се најпосле дека таму воените авиони нема да ги следат луѓето, вели тој.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.