Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Итапеби, руралниот туризам во Аргентина

Венцеслао Ботаро, кој блогира за Blucansendel, ни презентира обид за одржлив рурален туризам: Итапеби Куќата на село, која се наоѓа во аргентинската провинција Ентре Риос, во близина на Gualeguaychú.

Итапеби е домот на Попи и Родолфо, кои се занимаат со земјоделство и одгледување на крави, прасиња, живина и овци, а на посетителите ги нудат производите од нивниот труд. Доколку посетителите изразат желба, тие можат да бидат дел од секојдневните активности од руралното живеење, како што е мелење на пченицата за брашно, молзење или сечење. Тие исто така можат да јаваат на коњ, да пешачат или да набљудуваат птици.

Fotografía extraída del blog Blucansendel, utilizada con autorización

Фотографија од блогот Blucansendel, искористено со дозвола.

Посетителите можат исто така да уживаат и во селските домашно приготвени специјалитети: похован зеленчук, колачи, леб, слатки, сите направени од Попи. Се што се произведува во Итапеби исто така и се конзумира: животните, млечните производи, зеленчукот, шунката, колбасите, саламите, итн. Итапеби прави комбинација од руралниот стил на живеење со комфор за гостите:

La Posada es el área destinada a los visitantes. Es una construcción cubierta por un espeso techo de paja y chapas debajo del cual hay cinco habitaciones, enormes, confortables y de lujosa rusticidad. La Posada está rodeada por un deck/galería donde cuelgan hamacas paraguayas dispuestas de manera estratégica para disfrutar de las salidas y las puestas del sol. Todo el conjunto está envuelto por el aroma de las flores que rodean la casa.

The Inn (Инот) е областа за посетителите. Тоа е зграда прекриена со дебел сламен покрив. Под тоа, има пет спални соби, огромни, удобни и со луксузна рустикалност. Инот е опкружен со трем каде висат парагвајски лежалки, стратешки поставени за да може да се ужива и во изгревот, но и во зајдисонцето. Целиов сет е прекриен со мирисот на цвеќињата кои ја опкружуваат куќата.

Можете да го следите Венцеслао Ботаро на Твитер.

Овој пост е дел од дваесет и осмиот #LunesDeBlogsGV (Понеделник на блогови на ГВ) на 10ти ноември, 2014.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.