Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Свирење за промена: Мир преку музика

Свирење за промена логоMeetJohnSong ни го прикажа глобалниот колаборативен музички проект наречен Свирење за промена: Мир преку музика (Playing for Change: Peace through Music). Концептот позади овој проект е дека музиката е заеднички фактор кој ги спојува различните земји, етнички групи и региони. Филмот и музиката ќе бидат достапни во 2009, а повеќе информации за проектот може да се најдат на веб страницата Свирење за промена.

Свирење за промена не е само за креирање и дистрибуирање на музика, туку нивната фондација (PFCF) има креирано и одржува музичко училиште во Гудулету и центар за уметност во Јоханесбург во Јужна Африка, како начин за овозможување на образованиена младината во заедницата и тие исто така тие го одржуваат тибетскиот центар за бегалци во Индија и Непал.

Трејлерот во кој е вметната песната Stand by Me, која е изведувана од музичари од различни делови на светот, се прошири уште пред неколку месеци, а сега се враќа со целосната приказна за тоа како музиката може да ги избрише границите:

Исто така може да го видите продолжениот трејлер за документарецот:

Проектот не е единствен од ваков тип, авторот Сузан Лехн ни кажа за виртуелен симфониски оркестар на YouTube, во кој може секој да учествува:

YouTube оркестрира возбудлив нов колаборативен проект: ги поканува музичарите од целиот свет на онлајн аудиција за да бидат дел од првиот светски виртуелен симфониски оркестар. Аматерите, како и професионалците, имаат можност до 28 јануари 2009 да ги преземат песните и да постават видеа од нивната изведба.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.