Се’ повеќе протести се случуваат во палестинските области, посебно во големите градови како Хеброн, Рамала, Витлеем и Наблус. Демонстрантите протестираат против палестинската национална власт, високите животни трошоци и високата стапка на невработеност помеѓу палестинската младина.
Протестите започнаа откако палестинската национална власт изјави дека на Западниот Брег цените на бензинот и нафтата за греење ќе бидат зголемени за 8%, а тоа ќе стапи на сила почеток на септември. Тоа резултираше со нагло зголемување на цените без притоа да се случи и соодветно зголемување на дневниците и платите во палестинските области.
Абан Идрес беше сведок на еден протест во Хеброн и твитна:
Блогерот Ола Ал Тамими твитна исто така од Хеброн:
Ола се надоврза:
Палестинскиот активист и сликар Хафез Омар твитна:
Твитер беше преплавен и со хумористични слогани од страна на палестинските демонстранти. Рана Бејкер пишува:
Ламеес Суради фотографирал уште еден слоган:
Твитер-корисникот ајПалестина твитна за обидот за самозапалување на еден човек по име Хусеин Каваџи:
Некои извештаи наведуваат кон тоа дека ќерката на Каваџи боледува од рак и моментално е третирана во Јордан, а тој (татко и’) не може да си дозволи да ја посетува.
Ова не е прв случај на Палестинец кој протестира со самозапалување. На 2 септември во Газа животот го загуби седумнаесетгодишниот Ихаб Абу ал-Нада откако се самозапали, најверојатно имитирајќи го Тунижанецот Мохамед Буазизи. Ихаб Абу ал-Нада престанал да се школува и работел тринаесет часа на ден за само 30 шекели (околу 7 американски долари/6 евра) за да му помогне на татко му во семејните трошоци.
Инцидентот привлече големо внимание, особено по објавувањето на една фотографија од лидерот на Хамас Исмаил Ханија со таткото, кој што беше посетен од Ханиja, кој пак му врачил „итна помош“ од 2000 американски долари по смртта на Ихаб.
Многумина се прашуваат, дали ќе продолжи ова ново движење и дали ќе се рашири и во други села и градови. Џон Линдон праша:
@johnlyndon1: Самозапалување во Газа, палење на портретот на Фајад во Хеброн; протести во големите градови на западниот брег. Пристигнува ли пролетта во #Палестина со задоцнување?