Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Карим Амер е слободен!

Откако помина 1.470 дена во затвор, египетскиот блогер Карим Амер е конечно ослободен. Ова е 10 дена повеќе од четиригодишната казна која ја доби за навреди против исламот и претседателот Мохамед Хосни Мубарак на неговиот блог (арапски).

Набрзо по неговото апсење, активисти ширум светот лобираа за негова слобода, посветувајќи му блог кој постојано се ажурираше, профил на Твитер, започнувајќи со една по друга петиција и организирајќи собири ,,Слободен Карим” насекаде пред египетските амбасади.

На @freekareem пораката беше јасна и гласна:

КАРИМ АМИР Е СЛОБОДЕН!

А блогот Слободен Карим дополнително го разработува ова:

Карим Амер е сега слободен, известува близок пријател на Карим.

Во моментов, Карим одбива да зборува, сепак тој ги осигурува неговите симпатизери ширум светот дека е добро. Храбриот човек сака да има малку приватност барем една недела пред да каже нешто.

Ние целосно ја почитуваме желбата на Карим и затоа ве замолуваме, ако сте новинар или блогер, исто така, да ја почитувате желбата на Карим, додека не одлучи да зборува.

Ајде сега да го прославиме ослободувањето на Карим!

Постот продолжува со многу благодарности за сите оние кои го подржаа Карим, чиишто вистинско име е Абдул Карим Набил Сулејман, во неговата борба:

Персоналот од FreeKareem.org сака да ја искористи оваа златна шанса и им се заблагодарува на сите кои го подржаа Карим низ неговата борба против нефер судењето и мачното затварање. Благодарност на сите активисти кои ја подржаа, во текот на 4 години и 10 дена, нашата кауза за Карим! Не можеме никого поточно да именуваме, не бидејќи сме преплавени со нив, но бидејќи бројот на поддржувачи е толку голем. Им благодарам на сите кои протестираа, се собираа, подржуваа, донираа, пишуваа, споделуваа па дури и пишуваа информации на Твитер за Карим од целиот свет! Ви благодарам многу!

Според Арапската мрежа за информации за човекови права, Карим е ослободен на 6 ноември од затворот Борж ал Араб каде беше задржан, а потоа и приведен од страна на Државната безбедносна разузнавачка служба во Александрија, каде што наводно бил тепан, додава блогот Слободен Карим.

Во меѓувреме, неговото исчезнување во период од 10 дена создаде паника помеѓу поддржувачите и активистите кои се бореа за негово ослободување.

На Фејсбук започна кампања именувана Колку за блогерот?

Страната се жали::

Карим Амер беше киднапиран и тепан од службата на Државната безбедност и неговиот живот е во вистинска опасност.

Стани преговарач и веднаш придружи се на Фејсбук кампањата за откуп. Помогнете ни да го спаси ме неговиот живот!

Alaa seeking advice on Twitter on what action to take to pressure for Kareem

И на Твитер, искусниот блогер Ала ел Фатих прашува:

الناس بتسأل ايه اللي ممكن يتعمل عشان كريم و أنا خايف يتوه في هوجة الانتخابات هل من نصائح؟

Луѓето прашуваат што треба да се направи за Карим, а јас се плашам дека ќе биде заборавен за време на изборната фама. Имате некој совет?

И Мохамед Маре одговара:

وفى امكانية لتنظيم وقفة احتجاجية فى مصر وتكون متزامنة مع وقفة امام معظم السفارت والقنصليات المصرية بالخارج

Постои можност за организирање на собир во Египет кој се совпаѓа со слични собири од пред египетските амбасади низ светот

Временска линија од патешествието на Карим од затворот и неговото време поминато таму може да го видете овде.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.