Русија: Контраверзии откако кириличните домени се најдоа на слобoдниот пазар

.rf Controversy, illustration by Alexey Sidorenko

.рф Контроверзија, илустрација од Алексеј Сидоренко

На 11 ноември, 2010 година, регистрирање на Интернет домени на кирилично писмо, кое што е систем на пишување во Русија и други источноевропски и азиски јазици, излезе на слободниот пазар. Пред ова, кирилични домени можеа да бидат регистрирани само од страна на фирми кои го обезбедиле сертификатот за трговски марки. Овој потег доаѓа околу една година подоцна откако Интернет корпорацијата за доделени имиња и бројки (ИЦАНН) ја дозволи употребата на интернационализирани домен имиња (ИДНи), или имиња на домени напишани на локалните јазици.

Во рок од 24 часа скоро  200,000 домени (сега 470 илјади) биле регистрирани – степен на популарност кој дури ни руските службеници не го очекувале. Отворањето на пазарот исто така доведе до појава на контроверзии, вклучувајќи го и највисокиот регулатор на домени (ТЛД), топ регистрите и најголемите компании, оставајќи голем број на збунети крајни корисници.

1. Злоупотреби и нефер практики на аукција

Ник.ру, Рускиот најпопуларен регистер, кој регистрираше 26 проценти [руски] од сите кирилични домени, се најде во центарот на скандалот. Блогерот Ахклн забележа [руски] дека некои лукративни домени (пр. подгузники.рф (пелени.рф)) биле регистрирани од Nic.ru на самиот почеток на периодот за регистрирање, а малку подоцна ставени на аукција на auction.nic.ru. Блогерот се прашуваше како таквите практики можеле воопшто да бидат дозволени од страна на ТЛД.

Покрај тоа, на корисниците им било дозволено да ставаат понуди за домени неколку недели пред започнувањето на периодот на отворена продажба. За домени кои добиле повеќе понуди била воведена аукција. Хабрахрб-корисникот Дарбин забележал [руски] дека понудите за најпопуларните домени достигнале 10 илјадници долари:

бизнес.рф (бизнис.рф) — $67006

билеты.рф (билети.рф) — $25000

аптека.рф (аптеки.рф) — $15005

сайт.рф (сајт.рф) — $10410

Но, тоа не беше најголемата злоупотреба за која nic.ru беше обвинет. Дури пострашен беше фактот дека некои корисници веруваат [руски] дека компанијата ги лажирала аукциите, кревајќи ги понудите вештачки, потоа бришејќи ги понудите од системот така што корисникот ќе заврши со плаќање на повеќе пари за доменот отколку што треба.

Блогерот ЗиНТеР постираше видео објаснувајќи ги механизмите, тврдејќи дека со нивно користење  Nic.ru го кршел законот:

2.Технички проблеми со најголемите платформи

Корисникот ТолТол потенцираше [руски] дека ниедна од поголемите Гугл апликации (пр. Gmail, Google Apps, Analytics) не работела правилно со домените на руски јазик, проблем кој што не е врзан за услугите на Гугл. КорисникотДенисО објави [руски] слични проблеми со вебмастер апликацијата на рускиот пребарувач Yandex, и покрај тоа што претставниците на компанијата кажале дека работат да го поправат проблемот.

3. Домени на црната листа= цензура?

Најхумуристичен, иако вознемирувачки аспект на приказната, беше листата на забранети имиња на кириличен фонт [руски], која содржи 4027 ставки. Покрај стандардните клевети и познати сленг фрази, таа исто така вклучи незамислени (и доста груби) хибридни форми на употреба.  Блогерите се прашуваа [руски] како тоа да луѓето при Координацискиот центар на ТЛД РУ (телото одговорно за алокација на кирилични .рф домени) знаеше толку многу пејоративни термини. Роман Леибов, руски интернет аналитичар, подоцна откри дека чудните зборови и комбинации од нив биле копирани од „Речникот  на руски клетви“ [руски], анонимен онлајн речник во кој се собрани руски клетви и нивни објаснувања.

Фактот што ТЛД координаторот си зеде за право сам да одлучува кои зборови ќе се цензурираат беше означен како „цензура.рф“

Заклучок (.рф)?

Корисникот Darbin праша [руски]:

Инаку, како би требало да ја викаме нашата домен зона РуфНет или РефНет?

Освен неколку интересни одговори, прашањето остана неодговорено. Една од причините за недостиг на реакција може да биде дека руските корисници ги сметаат кириличните домени како СЕО- алатка и маркетинг уред, отколку како промена настаната во играта. Севкупната реакција на блогерите беше скептична, дури и презирна.

Конверзацијата што следи го доловува негативниот став на корисниците спрема рф. домените:

crea7or:

Ничего в.рф регистрировать не буду — из принципа. Стыд и срам какой-то.

Нема да регистрирам ништо со рф. Каков срам!

medin:

стыд.рф и срам.рф уже зареганы и принцип.рф кстати тоже

срам.рф е веќе регитриран и  принцип.рг, е исто така регистриран

Ar2r:

сарказм.рф тоже занят.

сарказам.рф – исто така регистриран.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.