Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сенегал: Нема оддишка за претседателот Вејд после мирно загубените избори

Додека светот, се чини едногласно им аплаудира на претседателот во заминување Абдулај Вејд и на демократијата по мирните избори во март 2012, сенегалската блогосфера е повеќе критична во врска со билансот на досегашниот претседател. Блогерите особено потсетуваат на жртвите на предизборното насилство, повредите на правата на печатот и примерите за лошо владеење, присутни низ претседателството на Ваде во периодот 2000-2012.

Абдулај Вејд говори во Њујорк во 2002 година. Направена од Марсел Биери од „Swiss Image“. Споделена од „World Economic Forum“ на Фликр (CC-BY-SA-2.0)

 

Фабиен Фату Диоп напишал дека Вејд немал избор освен да го признае поразот од екс-премиерот и предизвикувачот Маки Сал, во својот напис „Сенегал, 25 март 2012 Чест на нашиот народ!

Не, потегот на Абдулај Вејд со телефонирање на Маки Сал не беше демократски. Тој повеќе немаше избор. Ние му го наметнавме изборот на 23 јуни, му го наметнавме тој изборот за време на демонстрациите против неговото трето кандидирање за претседател. Неговиот презир кулминираше со кршењето на нашиот Устав, занемарувајќи го нашето негодување и задушувајќи ја нашата единствена и последна слобода, правото на демонстрации.

На неговиот блог Mr. BoOmbastic PlO потсетува на злобното владеење на Вејд:

 Изборот на Маки Сал не е првото предавање на моќта во Сенегал, кој отсекогаш бил демократски. Времето кога Вејд беше на функција ќе остане запаметено како еден несреќна дамка во политичката историја на Сенегал, време во кое слободите беа нарушени со убиства… Новинари и политички противници беа затворани (случајот со младите социјалисти Малик Ноел Сек и Бартелеми Диаз) и пред сè, се работи за време обележано од убиствата во периодот на предизборна криза.

Сенегалско знаме на плоштадот со обелиск од Nd1mbee на Фликр со негово одобрение

wirriyamu во „Збогум Вејд“ продолжува :

Последниве години Абдулај Вејд имаше многу прилики да посвети минимално внимание на желбите на неговиот народ… Тој не искористи ниту една од тие можности.  Напротив, тогаш кога тој не одговараше со презир („Јас имам мнозинство“ „Тие луѓе се само кукавици“ или „Ништо нема да се случи“), тој одговараше со агресивност.

Haby Ba, во написот насловен како „Претседател Маки Сал“ наведува дека контроверзната кандидатурата за трет мандат на Вејд, ја лиши земјата од вистинска изборна кампања :

 Оваа година, требаше да имаме кампања која се фокусира на општествените избори. Како да го обновиме образовниот систем во Сенегал, за кој е јасно дека е вон контрола? Како да ја организираме националната солидарност за најсиромашните да не добијат само образование, туку да бидат и здравствено осигурени? Овие прашања воопшто не беа опфатени, бидејќи бевме фокусирани на потребата да се обезбеди транспарентност на изборниот процес.

wirriyamu продолжува :

На крајот, одржувајќи ја неговата кандидатура, Вејд можеби го пренасочи текот на историјата во Сенегал. Тој не дозволи фер борба на идеи, што произлегуваат од едни избори. Опозицијата се структурираше околу еден проект: да се ослободат од Вејд. Притоа, Сенегал покажа дека знае многу малку за проектите и не знае што носи иднината, освен дека иднината нема да биде поврзана во Вејд…

Блогерите се едногласни во нивните барања и бараат правдата да биде задоволена. Според Фабиен Фату Диоп :

Не сакаме загинатите и повредени за време на демонстрациите против третата кандидатура на Абдулај Вејд за претседател да бидат залудни. Бараме сторителите и иницијаторите на овие злосторства да бидат изведени пред лицето на правдата.

Haby Ba вели:

Политичарите се толку несвесни за фактот дека нивните дејства имаат последици, вклучително и кривични, што тие и понатаму продолжуваат да ја ограбуваат земја. Само судскиот систем може да не спречи од паѓање во истата ситуација.

Mr. BoOmbastic PlO пишува:

Фамилиите на жртвите веруваат дека на Вејд и неговите соработници не треба да им се дозволи да избегаат со „оваа неправда и дека овие убиства треба да бидат расветлени“.

На Твитер @astouka започна петиција во која бара ревизија на владата во заминување на Сенегал и започнување на нова судска истрага.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.