Зошто Доналд Трамп е толку популарен во Нигерија?

Претседателот Доналд Трамп се враќа во Белата Куќа во Вашингтон на 19 август 2018. Фотографија на Самира Боуаоу/„Д епох тајмс“, CC BY 2.0.

Претседателот на САД Доналд Трамп се соочи со ниски рејтинзи низ целиот свет заради неговите одлуки поврзани со меѓународните прашања — но не и во некои африкански земји како Нигерија.

Според неодамнешна анкета од „Пју рисрч центар“ најголемиот дел од Нигеријците „имаат доверба“ дека Трамп „ќе го повлече вистинскиот потег во меѓународните односи.“

Резултатите од анкетата на „Пју“ беа прибрани телефонски и преку интервјуа лице-в-лице спроведени под водство на „Галуп“ — аналитичка и консултациска компанија базирана во Вашингтон ДЦ.

Анализата „Твипсмап“ направена во октомври 2019 година која ги опфаќа сите следбеници на Трамп на „Твитер“ покажува дека Нигеријците се рангирани во топ пет од целиот свет:

Освен ако не сакаме да живееме во заблуда, Трамп е многу популарен во Нигерија. Забелешка, јас не сум негов обожавател, но за волја на вистината тој има огромна база на обожаватели тука.

Сепак, ова не објаснува зошто некои Нигеријци го обожаваат Трамп.

Гостувајќи во радио емисијата „Д Ворлд“, која е во копродукција на „Би-би-си“, нигерискиот автор Адаоби Трисиа Нваубани објасни дека имиџот на „силен момак“ на Трамп резонира со најнаселената афричка држава:

People admire his tough guy image and his bluntness is entertaining. He's weird to Americans. He's strange. He's different from what you've had. But we're used to leaders who speak without restraint, who are verbally abusive when they please. And so, he's not as outlandish to us as he may appear to an American.

Луѓето се одушевуваат на неговиот имиџ на силен момак и неговата директност е забавна. Тој е чуден за Американците. Тој е различен. Тој се разликува од она на што сме навикнати. Но ние сме навикнати на лидери кои говорат без ограничувања, кои злоупотребуваат вербално кога ќе посакаат. И така, тој не е толку различен за нас колку што може да се чини на некој Американец.

Друга причина е религијата. Христијаните во Нигерија го сакаат Трамп.

Чета Нванзе, директорка на истражувања во „СБМ Интелиџенс“, за Глобал Војсис изјави:

I'd like to see exactly WHERE in Nigeria this survey was conducted. I'm willing to bet that it was largely in southern Nigeria, which explains the love of Trump. A lot of his base are evangelical Christians, from whom many Nigerians draw their inspiration.

Би сакала да видам точно КАДЕ во Нигерија била спроведена оваа анкета. Би се обложила дека во најголем дел е спроведена во јужна Нигерија, што ја објаснува љубовта кон Трамп. Голем дел од неговата база се христијани евангелисти, од кои се инспирираат многу Нигеријци.

Нигерија, со проценка на населението од 200 милиони луѓе, има две главни религии: христијанство и ислам. Муслиманите сочинуваат 50 а христијаните сочинуваат 48 проценти од населението на Нигерија.

Методологијата на неодамнешните анкети вели дека истражувањето било спроведено во „општини на локалната самоуправа раслоени по геополитички региони” на Нигерија. Сепак, државите Адамава, Борно, и Јобе во северозападна Нигерија биле исклучени од истражувањето поради безбедносни причини.

Нигерија има 774 општини на локалната власт, кои се „раката на терен“ на извршната владеачка структура во државата. Исто така има и шест геополитички региони: северен-центар, северозапад, североисток, југ-југ, југоисток и југозапад.

Ставот на Нванзе дека христијаните во јужна Нигерија го оформиле јадрото од примерокот во анкетата на „Пју Рисрч“ не се неосновани. Анкетата исто така покажа дека нигеријските христијани исто така „имаат попозитивно мислење за САД (69 проценти) отколку за муслиманите (54 проценти)“.

По убиството на високиот ирански генерал Касем Солејмани од страна на САД, шефот на полицијата на Нигерија објави предупредување за ризици по националната безбедност за да се превенираат какви било вознемирувања од „домашни интереси“.

Исламското движење во Нигерија го опиша воздушниот напад на САД во кој загина Солејмани како „објавување војна на Иран“.

Трамп е опишан како како „еден од најконтроверзните светски лидери во модерното време“.

Сепак, јасно е дека голем број луѓе во Нигерија го обожаваат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.