Слабата економија влијае на прославувањата во Непал

26ти октомври го одбележа почетокот на петдневниот фестивал „Тихар“ или „Дивали“ во Непал. Дивали е фестивал кога Хиндусите се молат на божицата за здравје и благосостојба – Лаксми и бараат нејзин благослов. Фестивалот исто така се приславува и во соседна Индија.

Тихар

Тихар, фестивал на светлината во Непал. Фотографија од Фликр корисникот Манки Имиџис употребени под Криејтив комонс лиценца.

Pradeep Kumar Singh го опишува „Тихар“ или „Дивали“ во Непал  како:

Дивали не е само фестивал кој доаѓа после Дашеин туку е и најважниот и најочекуван фестивал од Непалците после Дашаин. Славењето трае пет дена. Метеж, кучиња, Бог, крава и браќата (од нивните сестри) се најмногу почитувани во текот на фестивалот. Дивали има одредено религиозно значење и бидејќи е долг фестивал, религиозното значење е исто така долго. Зборувањето за религиозното значење е клише. Меѓутоа пред неколку години од постарите дознав дека исто така има и научно значење. И јас исто така ја поддржувам научната причина за прославување на Дивали што ја „промовира чистотата“. Изворно, Дивали е повеќе за чистотата отколку фестивал. Се блеска и така започнува славењето на единствениот фестивал на светлината, „Дивали“.

Оваа година, со глобалниот економски пад и високата инфлација која го погоди Непал, на земјата навистина и треба некоја божја помош.

Блогот United We ја истакна економската состојба во земјата:

Изјава за печатот од Непалската Растра Банка вели дека храната и пијалаците достигнаа до 13.4 проценти повисока цена додека непрехранбените производи и услугите беа до 12.7 проценти повисоки.

Водена од значителното зголемување на цените на храната и непрехранбените продукти, брзината на инфлација во текот на првиот месец на тековната фискална година се искачи на алармантни 13,1 проценти за разлика од рекордните 6,3 проценти во текот на истиот период од минатата година.

Блогер на Рајтер Пит нуди поинаков поглед на економијата во Непал.

Како и да е оваа економска криза не беше толку сурова со непалската економија. Странските директни инвестиции се целосно одговорни за одржувањето на непалската економија на безбедно ниво. Непалските закони не се многу флексибилни со странските инвестиции, а тоа е така бидејќи: Локалната економија многу зависи од сопствените извори. Берзата е целосно сигурна бидејќи вклучените акционерни друштва не ги вклучат странските компании.

До некој степен непалската економија беше погодена . Еден од главните извори за приход за Непал е паричната пратка од дијаспората која е погодена од рецесијата во западот. Многу индустријалци и бизнис професионалци ја нарекоа непалската економија „изолирана“ во однос на рецесиите во Велика Британија и САД.

Тихар

Тихар, фестивалот на светлината, поглед од Њу Роад, Непал. Фотографија од Фликр корисникот Рвивек употребена под Криејтив комонс лиценца.

Во непалскиот јазичен блог MySansar, сцената е пoпразнична. Во текот на Дивали, Непалците не е ги слават само боговите на здравјето, туку тоа е и време за нив да им одадат почит на природата и семејството. Вториот ден од фестивалот е ден за кучињата. Човековиот најдобар пријател е чествуван за неговата лојалност.

Во статијата насловена: „Какви се кучињата на лидерите?“ MySansar има фотографии од кучиња кои припаѓаат на непалските политичари, како што е заменик министер Шер Бахадур Деуба, Суриа Бахадур Тапа и поранешниот заменик министер Пашупати Шумшер Рана. Нема споменување на сегашните економски случувања во Непал, но блогерот прави напор за да ја покаже различноста во непалското општество. Младиот маж кој се грижи за кучињата на Шер Бахадур Деуба заработува околу 3.000 рупии месечно (1 американски долар= околу 80 рупии), а Шер Бахадур Деуба троши 30.000 рупии на своите кучиња.

Фотографијата искористена за почетната страница е од Фликр корисникот Субхакар Манандхар

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.