Револуционерен театар во Азербејџан им ја отстапува сцената на глумци со инвалидитет

Претстава во „ƏSA“, прв театар во Азербејџан посветен на собирање глумци со и без инвалидитет. Фотографија на Фамил Махмудбејли.
Во продолжение објавуваме партнерски напис со „Еуроазија.орг“ напишан од Дурна Сафарова. Реобјавен со дозвола.
„Не срамете се од сопственото тело. Не бидете срамежливи заради своето тело, без разлика на состојбата во која се наоѓа,“ вели еден маж додека си ја соблекува кошулата, а публиката го гледа со восхит.
Мажот на сцената, сликар со шизофренија, е еден од ликовите во „ДАМБ“ ( анг. dumb – нем, глупав) во психолошката драма што се изведува во „ƏSA“ („бастун“ на азербејџански) прв театар во Азербејџан каде има глумци со и без инвалидитет.
Како на многу места, луѓето со инвалидитет во Азербејџан се соочуваат со стереотипи и предрасуди кои ги прикажуваат како зависни, неспособни, несреќни. Основачот на „ƏSA“, Нихад Гуламазде, изјави дека го основал театарот за да се бори против тие погрешни перцепции.
„Ова не е друштвен проект, не е хоби, со ова се бавиме професионално,“ изјави Гулумзаде за „Еуроазија.орг.“
Гуламзаде, успешен глумец, музичар и фотограф, не е личност со инвалидитет. Тој опишува дека инспирацијата за ваков театар му дошла додека бил во длабока депресија. Вели дека размислувал за самоубиство, но се прашувал што би се случило ако обидот не му успее. „Тогаш цел живот ќе го живеев како личност со инвалидитет и немаше да можам да глумам,“ се присетува како размислувал.
„ДАМБ“, претстава која започнала да се игра во септември 2016 била првата претстава во режија на „ƏSA“. Овој театар ја одиграл и шекспировата драма „Сон на летната ноќ“, делумно финансирана од британската амбасада во Азербејџан, а самата претстава го надминала кампацитетот од 370 места. „Да имавме сала со 1000 места, мислам дека ќе ја наполневме,“ вели Гуламзаде.
Успехот на овој театар не е само тоа што имаме глумци со инвалидитет, туку и во креативниот пристап на самата сцена. Гуламзаде изјави: „Театарската сцена во Азербејџан беше монотона. Ние се обидовме да ја оживееме и успеавме во тоа.“
Во Баку, каде пред театарот „ƏSA“ имало само три независни театарски колективи, појавата на нови групи е дочекана како одличен новитет во градскиот културен живот, изјави Алија Дадашова, локален театарски критичар. „Театарската сцена не е толку жива како во почетокот на 1990-те години, кога имаше повеќе мали театарски групи,“ вели таа за „Еуроазија.орг“. „Државните театри немаат никакво влијание на колективот и културата, и затоа е прекрасно да се видат нови иницијативи како ƏSA.“
„Ние ги обединуваме луѓето од различни групи. Можете да видите дека нè следат државните фигури и политичката опозиција,“ додаде глумецот Орхан Адиѓозел. Адиѓозел е парализиран, а тоа е последица на несреќата која му се случила пред девет години, и „ƏSA“ е неговото прво театарско искуство.
„На сцената сме само глумци,“ вели Адиѓозел. „Се обидуваме да ја сосредоточиме публиката на претставата, а не на инвалидитетот. Постои стереотип дека луѓето со инвалидитет не можат да направат ништо. Го срушивме тој стереотип и пробавме да покажеме дека во уметноста нема никакви препреки.“
Групата се состои од 15 членови, кои имаат различни инвалидитети. Некои се со церебрална парализа, еден од нив е без нозе, друг има Даунов синдром. Толкувач на знаковен јазик овозможува претставите да бидат достапни и за глувонеми луѓе.
Животот за луѓето со инвалидет во Азербејџан е полн со пречки, но постепено се менува. Во 2015, владата изгради комплекс од 12-катни згради со 132 стана за луѓе со оштетен вид. Владата исто така донесе закон со кој на луѓето со инвалидитет им се обезбедува превоз, сместување, третман и рехабилитација. Владата раководи со 16 рехабилитациски центри, но оние кои ги застапуваат луѓето со инвалидитет велат дека тоа не доволно.
За глумците во „ƏSA“ превозот е посебен проблем. Патиштата, автобусите и таксиата скоро никогаш не се прилагодени за инвалидска количка, единствените таксија во кои може да се влезе со количка се во сопствеништво на владината такси компанија „Баку“, а се познаваат по виолетовите возила во лондонски стил. Но, едно возење чини 20 манати (околу 12 американски долари). Половина од буџетот на театарот е наменет за таксиа, вели Гулумзаде. „Ако еден глумец со инвалидска количка плаќа 20 манати и треба да дојде на 30 проби, сами можете да видите колку чини превозот за една личност.“
Азербејџанскиот закон наложува најмалку 3% од работната сила во државните служби да бидат луѓе со инвалидитет, но тоа ретко се спроведува. Сè на сè, вработени се само 5,6% од вкупно 540 000 луѓе со инвалидитет.
Гулнар Алфидатли, 23 годишна актерка во „ƏSA“, има церебрална парализа. Студирала сметководство и работела во приватна компанија, но била отпуштена откако шефовите дознале дека има инвалидитет. „ƏSA е мое прво театарско искуство,“ вели таа. Се присетува на првиот настап, кој завршил со стоечки овации. „Како да бевме во магичен сон,“ вели таа.
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!