Еболата ги намали можностите за Африканците да ги практикуваат своите културни и човекови вредности

Социјалниот антрополог и социолог Џини Муни објаснува како епидемијата на ебола ги ограничи Африканците во практикувањето на хуманоста:

Начинот на кој луѓето од Западна Африка се грижат за своите болни и починати, наводно се разликува премногу од остатокот од светот. Ова е далеку од вистината. Насекаде низ светот, суштината на грижата за болните е практично истата: допирањето на болни или починати роднини е природен феномен. Насекаде низ светот починатите се мијат и телото се положува така што членовите на семејството и познаниците можат да се збогуваат. Во Холандија, ние ја имаме можноста да ги изложиме нашите починати блиски во нашите салони, со денови. И физичкиот контакт со телото на починатиот може да се остварува се додека не се запечати и не се стави ковчегот во земја, или до носењето на телото во крематориум.

Во случаите на државите во кои имаме епидемија на еболата, нормалното човечко однесување се отфрла како „старомодни и не посакувани практики“ од Светската здравствена организација и експертите кои ја анализираат епидемијата. Никој не се запрашува дали е разумно да им се негира правото на луѓето да се грижат за своите сакани и за правото да бидат одговорни за погребалниот процес. Решението за спречување на ширењето на еболата е јасно: без допирање, под било кои услови. Поемпатични решенија, како што е снабдување на членови на најблиското семејство со заштитна опрема таква што ќе дозволи самите, или со малку помош, да си ги закопаат саканите, не се земаат предвид. Населението е притиснато во ќош; доколку не соработуваат, ќе одат во затвор. Овие груби мерки уште повеќе ги оттуѓуваат луѓето од властите. Еболата е казна. Не за меѓународната заедница, не за политичарите, не за елитата, туку само за широката, сиромашна, јавност. Луѓето се чувствуваат осамени. Напуштени. Доаѓаат огромни количини на пари, пристигнуваат се повеќе и повеќе засилувања меѓутоа епидемијата полека се шири секој ден….

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.