Интервју со гвинејскиот боксерски шампион кој стана белгиски политичар

Шесткратниот интерконтинентален шампион во средна категорија според Меѓународната боксерска федерација, Лансана Беа Дјало, попознат како Беа Дјало, роден во Либерија, а од гвинејско потекло, исто така е и белгиски политичар.

Béa Diallo, boxeur. Photo extraite de sa page Facebook

Беа Дјало, Последна Борба како боксер. Фотографија преземена од неговата Фејсбук страница (со дозвола)   
 

Освен што е избраник во регионалниот парламент во Брисел и во парламентот на француската заедница, Беа Дјало е градски претставник за млади, вработување, семејство, меѓугенерациски односи и еднакви можности во Иксел, една од деветнаесетте општини од регионот на главниот град Брисел.

Глобални гласови (Global Voices) му постави неколку прашања.

Глобални гласови (GV): Ве знаеме како боксерски шампион, но вие исто така сте и локален претставник во Белгија? Каква кариера!

Беа Дјало (БД): Пааа, да, Гвинејците ме знаат како боксер, но повеќето од нив ме знаат како човек кој се обидувал да го промовира имиџот на Гвинеја, а тоа го прави и ден денес. Не само што сум член на белгискиот парламент скоро десет години, туку наскоро ќе стигнам скоро седум години како локален претставник. Станав човек со искуство, признат од политичкиот свет.

GV: Често е многу тешко да се комбинираат спортот на високо ниво со студирањето, но вие сте дипломиран економист.

БД: Да, спортот на високо ниво често е некомпатибилен со универзитетските студии, но, како што многупати велам, со посветеност можат да се постигнат многу нешта и мојот сон беше да успеам во двете работи и да бидам способен еден ден да и помогнам на земјата од која потекнувам. Да и помогнам на Гвинеја да стане вистинска независна држава, а најмногу од се народот да има корист од овој благослов.

GV: Како влеговте во политиката?

БД: Тоа се случи сосема случајно бидејќи јас никогаш не сакав да работам во политиката, но тоа што бев борец, човек посветен на многу каузи, доведе до ситуација кога ми беше предложено да поддржам една партија како кандидат за консензус без притоа да бидам квалификуван да се натпреварувам за функцијата бидејќи го заземав 69-тото место на листата. Се најдов себеси на петтата позиција на листата од вкупно дваесет и пет претставници. 

GV: Се боревте на боксерски натпревар во Гвинеја, кои сеќавања ги имате од овој настан?

БД: Мислам дека тоа беше најдобриот момент од мојата спортска кариера. Тоа беше незаборавно време, да се боксува пред 60 000 луѓе, а на улиците да има уште 300 000. Беше просто магично.

GV: Пробавте да им помогнете на жителите на Конакри (главниот град на Гвинеја) посебно во сферата на транспортот. Кои поуки ги го добивте од ова и како?

БД: Знаете, јас не жалам за ништо, замислив дека тоа е потребно да се направи конкретно во тој момент; иако загубив многу пари со лошата верба на нашите политичари кои настрана од тоа што продолжија да убиваат луѓе и живееја во богатство, не спроведуваа никакви проекти за Гвинејците.

GV: Дали имате некои други амбиции за вашата земја на потекло, Гвинеја?

Béa Diallo en homme politique. Photo extraite de sa page Facebook, oeuvre de Francine Verstraeten

Беа Дјало во политичка улога. Фотографија преземена од неговата Фејсбук страница, направена од Франсин Ферштретен

 

 

БД: Единствената амбиција која ја имам за Гвинеја се уште е иста – да и помогнам на оваа прекрасна земја да се чуствува слободна од оковите наметнати од нашите гвинејски браќа: политичарите, најмногу оние од опозицијата.

GV: Фејсбук, Твитер и блог! Дали треба од ова да заклучиме дека Беа Дјало е како Барак Обама и редовно користи социјални медиуми, или пак тие служат само за повремена употреба?

БД: Не, за жал недоволно ги користам и се уште треба да оптимизирам и да бидам попрофесионален при користењето на овие мрежи кои што се вистинска комуникациска сила.

GV: Има се повеќе и повеќе млади африканци кои се обидуваат да дојдат во Европа и покрај сериозноста на ризиците на кои се изложени. Што би ги советувале?

БД: Тешко е да им се даде совет на овие млади луѓе кои се обидуваат да ги подобрат условите за живот за нив и за нивните фамилии без разлика на ризикот што притоа постои. Во истовреме не постои политика која би ги охрабрувала овие млади луѓе да останат во нивната татковина или континент. 

Но, денес кога од Африка доаѓате во Европа е тешко да се најде работа и да се снајдете, па затоа борбата мора да продолжи на континентот (Африка) со нова генерација која моќта ќе му ја пренесе на народот.

GV: Дали има некоја мисла која би сакале да ја споделите со нас?

БД: Мојот сон е мојот заклучок! Посакувам африканците да доаѓаат во Европа исто како што европејците можат да дојдат во Африка, со други зборови, на одмор или пак дома бидејќи имаат работа и фамилија која ги чека.

GV: Ви благодариме за одговорите на нашите прашања и ви посакуваме среќа со вашите проекти.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.