Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Се затвораат голем број на болници во Гвинеја поради вирусот на ебола

Conakry General Hospital via Koaci used with permission.

Општата болница Конакри виа Коачи (Фотографија искористена со дозвола)

Медицинскиот персонал во Гвинеја е во постојан страв по смртта на 28, и хоспитализацијата на 50 од нивниот персонач од 17 септември до денес. Дополнително влошувајќи ја ситуацијата, недостатокот на заштитна опрема е толку сериозен што медицински ракавици се продаваат на црниот пазар. Одбележувајќи ја атмосферата помеѓу медицинските лица, Амаду Там Камара го напиша следново за Гвинејски вести:

Déjà traumatisé par la mort de six collègues au mois d’avril dernier, le  personnel soignant de l’hôpital sino guinéen de Kipé est dorénavant dans une sinécure paranoïaque : les médecins refusent de soigner. Et tous les jours, ils maudissent le17 mars, ce jour où ils ont reçu ce patient venu de Dabola qui a contaminé neuf de leurs collègues. 

Dans les autres grands hôpitaux nationaux de Conakry, des services entiers ne sont plus ouverts à cause des nouveaux cas d’Ebola détectés. Ainsi, depuis deux semaines, le service de réanimation de l’hôpital Ignace Deen est fermé. Le service gynécologique du même hôpital est barricadé  pour les mêmes raisons. De même la maternité de l’hôpital Donka, la plus grande du pays, ne fonctionne plus. 

Dans ce pandémonium, le paludisme qui reste le premier problème de santé publique en Guinée, avec plus de 30% des consultations, et la première cause de décès en milieu hospitalier(14%), selon l’OMS, a encore de beaux jours pour améliorer ses chiffres macabres. Tout ceci, à cause du silence feutré provoqué par le tintamarre assourdissant  autour d’Ebola.

Веќе истрауматизирани од смртта на шест од нивните колеги во април, медицинскиот персонал од кинеско-гвинејската болница Пријателство во Кипе стануваат параноични, со доктори кои одбиваат да ги третираат пациентите. Тие го проколнуваат 17 март, денот кога добиле пациент од Дабола кој заразил уште девет од нивните колеги.
Се затвораат цели одделенија во други државни болници во Конакри поради детектирање на нови случаи на ебола. Одделението за интензивна нега во Игнас Дин е затворено веќе две недели и одделението за гинекологија на оваа болница е под барикади. Породилната болница Донка, најголемата во државата, веќе не е во употреба. Маларијата останува најголемиот здравствен проблем во Гвинеја, болест која е одговорна за преку 30% од сите докторски консултации и примарната причина за смрт во болниците според СЗО. Целиот овој пандемониум им овозможува на ваквите грозоморни статистики уште повеќе да се влошуваат. Смртоносна тишина предизвикана од заглушувачката паника од еболата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.