Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сексуалното малтретирање во Грција е всушност проблем на жените

Фото: Pixabay. CC0 Creative Commons.

Во јуни годинава, на друштвените медиуми се разгореа жестоки дебати откако една студентка изјави дека била сексуално малтретирана од страна на свештеник во автобус за јавен превоз во грчкиот град Солун. Написот на Фејсбук кој се рашири со молскавична брзина беше поткрепен со фотографии од местото на инцидентот направени од друг патник. Многумина ги искажаа своите коментари за поддршка, додека други ја обвинија студентката дека ја измислила целата ситуација и објавила лажни фотографии „за да добие внимание и публицитет“.

Иако веб-страницата „Хеленик хоаксес“ подоцна објави анализа со која се обидува да ја докаже веродостојноста на фотографиите и приказната, скептицизмот на јавноста во врска со тврдењата на студентката зборува за поголемото прашање за сексуалното малтретирање жени во грчкото општество.

Историјата на сексистичко општество

Приказните за сексуално злоупотребените жртви не се однесуваат само на жени, туку и на мажи и малолетни момчиња, што се гледа од случајот во кој свештеник се допишува со четиринаесетгодишно момче и му праќа сексуална содржина преку друштвените медиуми или од оваа, дури и пошокантна епизода на сексуална и ментална злоупотреба инвалидизирани деца од страна на директор на интернат во Пиреа.

Инцидентот во Солун поттикна дискусија на Интернет во врска со менталитетот на општеството кое ја инкриминира жртвата – посебно кога жртвата е жена. Многумина мислат дека критиките на Интернет упатени на адреса на студентката немаат логика, туку дека се работи прерано осудување донесено врз основа на нејзината виолетова коса или нејзиниот карактер кои се користат како изговор.

Во написот на „Медиум“ со наслов „Сексуално малтретирање во Грција: Политика на ној“, кој ја истражува зачестеноста на овој феномен во грчкото општество, се вели:

…when asked about verbal sexual abuse, one woman in Athens commented that “it happens so often that [she] doesn’t even remember any distinctive incident” to tell us.

…на прашање за вербална сексуална злоупотреба, една жена во Атина рече дека „се случува толку често што дури [таа] не се ни сеќава на некој посебен инцидент“ за да ни каже.

Според Европскиот институт за родова еднаквост, во 2013 година во Грција имало 234 пријави за силување и обиди за силување. Резултатите од истражувањето од 2014 година на Агенцијата за основните човекови права на Европската Унија покажаа дека уште на петнаесетгодишна возраст, 1 од 4 жени во Грција биле жртви на физичко и/или сексуално насилство и дека 25% од луѓето во Грција лично познаваат жена жртва на семејно насилство.

Во 2006 година, Грција го донесе Законот 3500/2006, „За борба против семејното насилство“, со кој се криминализира семејното насилство, а го опфаќа и силувањето во брак. Сепак, во март 2007, „Д Гардијан“ објави статија во која се обрнува посебно внимание на извештај од „Еквалити нау“ во кој се вели дека во Грција, меѓу другите земји, сторителите на сексуално насилство може да бидат правно изземени од казна во одредени ситуации, доколку девојката „се смета за премногу млада за да се согласи“ на секс.

Во интервју од 2016 година, грчката генерална секретарка за родова еднаквост, Фотини Кувела, призна дека земјата сѐ уште има долг пат пред себе кога станува збор за насилството врз жените:

Greek society, despite the important steps forward in recent years, remains mainly patriarchal. The mentality is still determined by stereotypes relating to traditional gender roles. The women-victims of violence are often accused by the social environment whereas the actions of the abuser are often justified.

Грчкото општество останува главно патријархално и покрај важните чекори напред направени во последните години. Менталитетот сѐ уште се одредува според стереотипите за традиционалните родови улоги. Жените жртви на насилство се често осудувани од општеството додека дејствата на сторителот се честопати оправдани.

Во меѓувреме, некои корисници на друштвени медиуми, како написов на Фејсбук на Елена Милоти, одговараат на сексуалната дискриминација со која се соочуваат жените со доза силна иронија:

Οδηγός καταγγελίας σεξουαλικής παρενόχλησης:

1)Μην καταγγείλετε σεξουαλική παρενοχληση απο πρώην ή νυν ερωτικο σας σύντροφο. Δεν υφίσταται.
2)Μην καταγγείλετε σεξουαλική παρενοχληση αν είστε προκλητικα ντυμενη. Πηγαινατε γυρευοντας.
3)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν ειστε σεμνα ντυμενη. Αποκλείεται να καυλωσατε καποιον ντυμενη ετσι.
4)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενόχληση αν είστε αδύνατη. Πηγαίνατε γυρευοντας.
5)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν δεν ειστε αδυνατη. Οι χοντρες δεν καυλωνουν κανεναν αρα αποκλειεται να σας παρενοχλησε καποιος
6)Μην καταγγείλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν δεν το καταγγειλατε απο την πρωτη φορά που σας συνεβη.. Αν σας ενοχλουσε θα το ειχατε καταγγειλει κατευθειαν
7)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση απευθειας. Βιαζεστε. Δωστε του λιγο χρονο
8)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν ο θυτης ειναι υπεργηρος. Δεν του σηκωνεται. Αν καταφερατε να του τη σηκωσετε να ειστε περηφανη.
9)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν ο θυτης ειναι πολυ νεος. Ειναι μικρος και δεν ξερει. Και ειναι και κριμα να καταστραφει το μελλον του για μια απερισκεψια.
10)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση στο εργασιακο σας περιβαλλον. Με τσιμπουκια την πηρατε τη δουλεια in the first place.
11)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν ειστε τουριστρια. Το κανετε για να παρετε επιδομα στη χώρα σας.
12)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν δουλευετε στη βιομηχανια του σεξ. Ειστε πουτανα. Hello!????
13)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν εχετε σεξουαλικη ζωη γενικοτερα. Και εσεις πουτανες ειστε.
14)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση αν σας συνεβη στο δρομο. Τί κανατε μονη σας στο δρομο;
15)Μην καταγγειλετε σεξουαλικη παρενοχληση σε Τραμ, Μετρο και ΜΜΜ γενικα. Ποιος παρενοχλει μπροστα σε κοσμο;
16)Μην κανετε καταγγελια για σεξουαλικη παρενοχληση σε ερημο σημειο. Τί κανατε εκει μονες;
17)Μην κανετε καταγγελια για σεξουαλικη παρενοχληση αν εχετε αποδεικτικα στοιχεια. Αν ειχατε δεχθει οντως σεξουαλικη παρενοχληση δε θα ειχατε προλαβει να συλλεξετε στοιχεια. Η ψυχραιμια σας ειναι υποπτη.
18)Μην κανετε καταγγελια για σεξουαλικη παρενοχληση αν δεν εχετε στοιχεια. Θα επρεπε να εχετε για να σας πιστεψουμε.
19)Μην κανετε καταγγελια για σεξουαλικη παρενοχληση αν εχετε πιει πανω απο μια μπυρα. Λαθος θυμαστε. Ησασταν καυλωμενη αλλα το ξεχασατε.
20)Μην κανετε καταγγελια για σεξουαλικη παρενοχληση αν ειναι να κανετε καταγγελια για σεξουαλικη παρενοχληση.

Ολες τις αλλες φορες να κανετε. Θα σας πιστεψουν

Водич за поднесување жалба за сексуално насилство

1) Не пријавувајте сексуално насилство од бившиот или сегашен сексуален партнер. Такво нешто не постои.
2) Не пријавувајте сексуално насилство ако сте провокативно облечени. Си го барате.
3) Не пријавувајте сексуално насилство ако сте скромно облечени. Никој не може да се напали ако се облекувате така.
4) Не пријавувајте сексуално насилство ако сте слаби. Си го барате.
5) Не пријавувајте сексуално насилство ако не сте слаби. Дебелите жени не можат никого да напалат, што значи дека е невозможно некој сексуално да ве малтретира.
6) Не пријавувајте сексуално насилство ако веднаш сте пријавиле. Ако ви пречело, ќе сте го пријавеле веднаш.
7) Не пријавувајте сексуално насилство веднаш. Брзате. Оставете малку време.
8) Не пријавувајте сексуално насилство ако напаѓачот е многу стар. Тој не може да се возбуди. Ако успеете да го возбудите, бидете горди.
9) Не пријавувајте сексуално насилство ако жртвата е премлада. Млад е и ништо не знае. А и срамота е да му ја уништите иднината заради еден небрежен момент.
10) Не пријавувајте сексуално насилство во рамки на средината каде што работите. И така со пушење сте ја добиле работата.
11) Не пријавувајте сексуално насилство ако сте турист. Го правите тоа за да добивате социјална помош од државата.
12) Не пријавувајте сексуално насилство ако работите во секс индустријата. Курви сте. Hello!???
13) Не пријавувајте сексуално насилство ако општо имате секс. Исто така сте курви.
14) Не пријавувајте сексуално насилство ако се случило на улица. Што барате сами на улица?
15) Не пријавувајте сексуално насилство во трамвај, метро и општо во јавен транспорт. Кој малтретира некој пред други?
16) Не пријавувајте сексуално насилство ако се случило во напуштена област. Што сте правеле сами таму?
17) Не пријавувајте сексуално насилство ако имате докази. Ако навистина сте биле сексуално малтретирани, немаше да имате време да соберете докази. Вашата ладна глава е осомничена.
18) Не пријавувајте сексуално насилство ако немате докази. Како инаку ќе ви веруваат?
19) Не пријавувајте сексуално насилство ако сте испиле едно пиво или повеќе. Не се сеќавате добро. Сте биле напалени ама сте заборавиле.
20) Не пријавувајте сексуално насилство ако планирате да пријавите сексуално насилство.

Во сите други случаи треба да пријавите. Ќе ви веруваат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.