Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Јемен 2011.
Револуционерите во Сирија и Јемен кои се побунија против угнетувачките тирани и брутални режими кои траеја со месеци го обединија името на нивните петочни протести, во солидарност. Во „Петокот на победа за Сирија и Јемен“, активистите во двете земји ги координираа нивните напори да го споделат не само истото име, туку и истите транспаренти, слогани, како и аудио и видео материјали.
Моќни песни за слобода на Сирија и Јемен се слушаа насекаде низ 60тата улица во Санаа во „Петокот на победа за Сирија и Јемен“. (Снимка објавена од alabdulkadir)
Овој петок во Таиз, демонстрантите пеаја во солидарност со Сирија „ја жртвуваме нашата душа и крв за тебе Сирија“. (Снимки објавени од: taizcitynet)
http://www.youtube.com/watch?v=xYgiRRLSUsg&feature=mfu_in_order&list=UL
Тие ја пееја „иднината е слободна, без Али, без Башар, времето на никаквеци помина, долго да живее Арапскиот народ“.
http://www.youtube.com/watch?v=8aoAzV_QSV8&feature=mfu_in_order&list=UL
Демонстрантите во Худеида исто така пееја за слобода на Сирија и Јемен и солидарност со револуционерите во Дара. (Снимка објавена од: shababalhodeidah)
Продолжувајќи во Сирија, во Тадмор, сириските демонстранти исто така пееја „Сирија и Јемен се едно“. (Снимки објавени од: SHAMSNN)
Во Халаб, демонстрантите ја повторуваа јеменската песна „порадо смрт отколку понижување“
И во Идлиб, Сирија, демонстрантите пееја во солидарност со Јемен.
Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Јемен 2011.