Етиопија: Земја, историја и правда во Гамбела

Блогот за глобален развој на Гардијан (Велика Британија) продолжува со покривање на зделки со земја по објавувањето на најголемата јавна база на интернационални зделки со земја во април.

Една од земјите опфатена со извештајот е Етиопија кадешто селаните во провинцијата Гамбела се принудени да се преселат во селата доделени од државата за да им го отворат патот на оние кои сакаат да ги земат земјиштата. Гамбела е најсиромашниот регион во Етиопија.

Репортер, локален англиски весник, известува дека владата на Етиопија започна со евалуација на ефикасноста на инвеститорите кои стекнале големи парчиња земја за започнување на нивните комерцијални фармерски проекти. Иако ова може да се земе како важна пресвртница за активистите против грабање на земјиштето, одлуките на владата на Етиопија за евалуација на ефикасноста на инвеститорите кои земале земја привлече внимание кај интернационалните медиуми.

Извадоци од новата книга на Фред Пирс, Грабачите на земја: Скриената револуција на Африка, покажува дека земањето на земја има поголемо влијание врз сиромаштијата во светот отколку климатските услови. Во едно интервју, Фред Пирс забележува дека сиромашните луѓе биле иселени од земјата без да се земат предвид нивните културни и историски права.

Означување на земјите со земјишни зделки од проектот Земјишна матрица

Како и да е, владата на Етиопија официјално се спротивстави на овој аргумент:

Тој [службеник од министерството за земјоделство] ги минимизираше критиките дека земањето на земјиштата под наем доведе до негативни влијанија врз заедниците кои живеат близу до фармите, тврдејќи дека е вложен напор овие инвестиции да се ослободат од негативни ефекти врз општеството кое живее блиску до нив и да продолжат на зајакнувачки начин.

Активистите за земјиштето создадоа онлајн петиција и кампања користејќи ги Фејсбук и Твитер. Петицијата која ги таргетира дипломатите од Велика Британија и САД вели:

Јас сум навистина загрижен за извештаите за намерни, постојани и сериозни злоупотреби на правата на домородните народи во југозападна Етиопија. Програмата на владата за „населување“ принудно отстранува најмалку 200,000 домородци од нивните земјишта од предците во регионот Гамбела и ги релоцира во нови села изградени од државата. Иако владата им ветува подобар пристап до вработување, образование и здравствена грижа во овие села, истражувачите на Хјуман Рајтс Воч најдоа малку или никакви докази за овие услуги. Напротив, раселените луѓе се плашат од гладување бидејќи немаат пристап до нивните фарми, шуми и реки. Оние кои го кренваат гласот против овие злоупотреби се постојано затворани, измачувани, силувани и заплашувани од безбедносните сили на владата. Оние кои се обидуваат да се вратат на нивните земјишта откриваат дека владата веќе ги има дадено на странски инвеститори кои започнале со уривање на шумите, фармите со цел да одгледуваат комерцијални семиња за агрогорива, чаеви, зачини, ориз, шеќерна треска, најголем дел наменети за извоз. Резултатот од оваа околинско уништување и деградација ќе ја поткопа безбедноста за храна на домородните луѓе..

Фејсбук групата наречена Стоп за грабањето на земјата во Гамбела, Етиопија вели:

Простор за меѓународната заедница да го искаже своето мислење за прекршувањето на човековите права и уништување на околината предизвикано од грабањето на земјата во регионот на Гамбела, Етиопија

Грабањето на земјиштето е спорно прашање за превземања на земјиштето од поголеми размери; купување или изнајмување на големи парчиња земја во земјите во развој од домашните и интернационални компании, влади и индивидуи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.