Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Едно од последните видеа во чест на „Happy“ ни доаѓа од Сиким, високо во Индиските Хималаи

Screenshot from the video Happy Sikkim uploaded by Sushmita Pakhrin

Скриншот од видеото „Happy Сиким“ (Среќен Сиким) поставено од Сушмита Пакхрин

Песната „Happy“ (Среќен), напишана, продуцирана, и изведена од американскиот пејач и продуцент Фарел Вилијамс, стана вирален феномен годинава со снимањето и поставувањето на интернет на безброј видеа во чест на истата, од луѓе низ целиот свет.

Подобро доцна отколку никогаш, Сушмита Пакхрин од продукцијата Lens Craft направи верзија за Сиким, континентална северо-источна сојузна држава во Индија, која се наоѓа на Хималаите.

Видеото беше поставено на Јутјуб на 28ми август 2014, и се здоби со пофалби за висок продукциски квалитет.

Г-ѓа Пакхрин коментира во интервју за Сиким Сега, веб-сајт за вести:

Се обидовме да ја прикажеме живописната убавина на Сиким заедно со добро познатите и уметниците во подем од државата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.