Четиринаесетмина се повредени по експлозија на бомба во метро станицата Escuela Militar во чилеанскиот главен град Сантијаго околу 2 часот попладне.
Жена која работи во хигиенскиот оддел за компанијата Metro S.A., која ги загуби прстите на десната рака, и 35-годишник, кој претрпе абдоминални повреди, беа оние со најсериозни повреди.
Заменик-секретарот за внатрешни работи Mahmud Aleuy потврди дека двајцата осомничени за спроведување на нападот избегале во бел Шевролет, но има и истраги во тек за второ возило, црвена Опел Корса во која биле двајца мажи.
El Metro adelantó la hora punta para las 17:00 horas tras el atentado en Escuela Militar http://t.co/ePNcrCJ2dm
— #Temuco (@temuco) septiembre 8, 2014
Шпицот во Сантијаго метрото се помести порано, во 17:00 часот, по нападот на станицата Escuela Militar.
Fuerte explosión en el metro de Santiago es calificada como “acto terrorista” por Gobierno chileno. Fuente: El… http://t.co/n1kjwxNEQ7
— Radio Platinum (@radioplatinumec) septiembre 8, 2014
Голема експлозија во метрото во Сантијаго опишана како „терористички акт“ од владата на Чиле. Извор: http://t.co/n1kjwxNEQ7
ACTUALIZACIÓN: Ocho heridos por la explosión en el metro en Santiago de #Chile http://t.co/IqYEVfPHBC
— CNNMex (@CNNMex) septiembre 8, 2014
НАЈНОВО: Осум луѓе повредени од експлозијата во метрото во Сантијаго во Чиле.
#ALERTA ESTA CLARO QUE FUE UN ATENTADO TERRORISTA EN EL METRO DE SANTIAGO DE CHILE pic.twitter.com/faQkBt3yTc
— M-Noticias- (@mnoticias2014) septiembre 8, 2014
Јасно е, ова беше терористички напад врз метрото во Сантијаго во Чиле.