Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Како да пронајдете среќа во демократијата

Од Бутан, земјата на Бруто национална среќа, блогерот Пасанг Шеринг споделува начини на кои луѓето можат да бидат среќни живеејќи во демократија. Тој ја споредува демократијата со брак од љубов и вели дека постојат три групи на луѓе, љубовниците, оние кои мразат и загрижените граѓани.

Љубовниците се оние кои се колнат во една партија, и без ралика колку добра или лоша одлука ќе донесе партијата, не мрднуваат ни сантиметар кон тоа да не се согласат со истата. Тие се како опсесивен сопруг кој може да ја прегрне својата сопруга откако таа фрлила жешка тава во неговото лице.

Спротивно на ова, оние кои мразат се преправаат дека не ги забележуваат сите добри работи кои ги прави некоја партија, и одеднаш стануват многу гласни кога ќе најдат некоја маана. Тие се како гневен сопруг кој ќе и удри шамар на неговата жена дури и откако таа ќе му подари букет цвеќиња.

Доколку имаме повеќе луѓе од овие две групи тогаш тоа е ризик за демократијата. Тие можат да направат да пропадне државата. Оттаму, мораме да тежнееме да бидеме, и да го посееме семето на загрижените граѓани кај нашите млади. Едуцирајќи и инспирајќи ги да ја развијат способноста да бидат доволно љубезни да го признаат доброто дури и ако истото е направено од непријател, и доволно храбри да го осудат лошото дури и кога е направено од пријател. Тоа е како многу хуман и сопруг кој ве сака.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.