САД, Мексико: Астронаутот Џосе Хернандез објавува на Twitter од вселената

Астронаутот Џосе Хернандез во моментов кружи околу Земјата, како дел од мисија со вселенски брод кон Меѓународната вселенска станица, и објавува на Twitter додека е на 13-дневната мисија.

Како син на мексикански имигранти, но роден во САД, Хернандез го има поминато половина живот во земјата на потекло на неговите родители, а останатиот дел во САД. Според Mexico Reporter, тој е национален херој во Мексико и неговата животна приказна е инспирација за многумина во двете земји. Хернандез е поранешен миграциски работник, кој работел на поле заедно со неговите родители, а сега тој го направи своето прво патување во вселената.

Астронаут Jose Hernandez и од Википедија

Астронаутот Џосе Хернандез. Извор: Wikimedia Commons

Неговиот двојазичен Twitter профил обезбедуваше новости за време на подготовките за лансирање, кое првично беше закажан за 25 август. Поради некои механички проблеми, тоа беше одложено за неколку дена. Лажните почетоци и повторувачката рутинска подготовка по некое време почнаа да даваат познато чувство:

Одам на фина прошетка. Изгледа како времето да ќе соработува за вечерашното полетување во 1:10! Како да е Денот на мрмотот! 🙂

За време на овие подготовки, Хернандез имаше телефонски разговор со мексиканскиот претседател Филипе Калдерон.

Конечно дојде денот и вселенскиот брод беше лансиран во орбита на 28 август. Откако Хернандез веќе беше во вселената, тој ги пренесе своите мисли од неговиот прв ден во вселената:

Се прилагодувам и го реализарам мојот сон … Микрогравитацијата е одлична. Завршив со поставувањето на компјутерите и подготвен сум за кревет! Не ми треба перниче!

Во следните две недели, Хернандез ќе обезбеди новостите околу активностите на мисијата, а и за идните активности:

# onorbit Заврши 3тиот ден од летот и се вратив на станицата. Се сретнав со нашите 6 соседи и тие изгледаат како фини луѓе! Толку фини што еден од нив ќе превеземе до дома!

Следете ти неговите пораки на Twitter за остатокот на мисијата на @Astro_Jose

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.