Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Смртни закани за карикатуристот Латуф кој ја критикуваше бразилската воена полиција

[Сите линкови водат кон португалски веб-страници, освен доколку поинаку наведено.]

Коментар од карикатуристот Карлос Латуф [англиски] на неговиот Фејсбук за неодамнешниот случај во кој осомничен за убиството на две воени полициски лица е нивниот 13-годишен син, предизвика непосредни реакции на социјалните мрежи, вклучувајќи и смртни закани.

Познат за [англиски] „бранењето на човековите права преку неговите цртежи/карикатури составени од едноставни потези и кисел хумор“, Латуф на својот Фејсбук профил, на 6ти август 2013 година, напиша:

Garoto mata seu pai, que era policial da ROTA…esse menino precisa de duas coisas: atendimento psicológico e uma medalha.

Момче го уби својот татко, кој беше ROTA полицаец… Ова дете заслужува две работи: психолошки третман и медал.

Тој споменува дека главниот осомничен за убиството на 4 возрасни членови од истата фамија од Вила Бразиландија во Само Пауло е 13-годишно момче за кое се мисли дека извршило самоубиство по злосторството на 5ти август 2013 година. Таткото на ова момче бил наредник на елитните трупи на Сао Пуло воената полиција, позната како ROTA [англиски] (акроним кој стои за наводните кругови на Тобиас Де Агуар, на португалски) со репутација за неселективни убиства, а мајката била десетар на воената полиција. Бабата и тетката на ова момче биле пронајдени мртви близу до фамилијарниот дом.

Одделот за убиства и заштита на цивилната полиција ос Сао Пауло за овој контроверзен случај.

Во времето кога се задлабочи дебатата за демилитаризација [англиски] на бразилската воена полиција, проследено со масивни протести [англиски] кои ги преплавија улиците на Бразил во јуни 2013, цртежите на Латуф во кои ја критикува полицијата беа зачестени.

Во еден Фејсбук напис на 7ми август, Латуф реагираше за заканите кои ги добил:

Ao longo dos meus 23 anos de profissão como cartunista já fui detido três vezes por desenhar contra a truculência da polícia brasileira, e já recebi inúmeras ameaças, seja de judeus sionistas por conta de minhas charges em favor dos palestinos, seja de extremistas muçulmanos pelas minhas charges sobre a questão egípcia e síria. Portanto, ameaças fazem parte do meu trabalho.

За време на мојата 23-годишна кариера како професионален карикатурист, бев уапсен три пати за објавување на цртежи против бруталноста на бразилската полиција, имам добиено безброј закани, без разлика дали тие биле упатени од ционистичките Евреи поради моите цртежи кои се во во корист на палистанците, или пак од муслиманските екстремисти поради моите цртежи за египетската и сиријската ситуација. Заканите се дел од мојата работа.

Но овој пат, воената полиција и нејзините поддржувачи се оние кои му се закануваат на карикатуристот со смрт на социјалните мрежи, Латуф верува дека овој пат е навистина загрозен и во опасност.

Screenshot of the profile of one of the military police officers that threatened Latuff on Facebook.

Слика од профилот на едно воено лице кое му се заканува на Латуф на Фејсбук: „Доколку налетам на него, ќе го спуштам… Ров е местото за луѓето како него.“

Revista Fórum (Форум Магазин) состави листа од серија заканувачки коментари направени против Латуф на Фејсбук страницата на ROTA, вклучувајќи ги и :

Se vc apoia esse lixo é terrorista igual e se é terrorista, tem mais é que morrer, lixo.

Доколку го поддржуваш ова ѓубре од човек тогаш и ти си терорист како него, а ако си терорист, тогаш треба да умреш, ѓубре.

Истиот магазин доби изјава од карикатуристот во која тој потврди дека фразата беше „провокација“:

Esse tema é tabu. Não podemos tratar da violência policial no Brasil. Vivemos em um Estado policial, e nesse Estado você não pode ser crítico, senão é ameaçado.

Ова прашање е табу тема. Не можеме да зборуваме за полициската бруталност во Бразил. Ние живееме во полициска држава, и во држава како оваа не можеш да бидеш критичен, во спротивно ќе добиеш закани.

"For significant rendered services" Latuff's engaging artwork, denouncing the crimes of the military police/ROTA. Cartoon by Carlos Latuff, free use.

„За значајни извршени услуги“. Вклученоста на Латуф во уметнички дела во кои се напаѓаат злосторствата на воената полиција и елитните полициски сили. Цртеж на Карлос Латуф, слободно за преземање. 

На својот Фесјбук, на 6ти август, тој објави дека не се чувствува заплашено и потврди:

Quem conhece meu trabalho sobre a violência policial, sabe bem o que penso sobre a atuação das polícias no Brasil e lá fora. Sou coerente com o que acredito.

Оние кои се запознаени со моите дела за полициска бруталност добро знаат што мислам за активностите на полицијата во Бразил и од остатокот од светот. Јас сум постојат во тоа во што верувам.

Дури и така, следниот ден карикатуристот изјави за опасноста во која се наоѓа, наведувајќи ја бразилската држава како виновна за тоа што може да му се случи:

Dessa vez, com as redes sociais, estas ameaças são potencializadas, graças a comunidades relacionadas a organizações policiais, que reúnem não só membros ativos das forças de repressão, como também simpatizantes com perfil fascista, anti-comunista, anti-petista, machista e homofóbico. É sabido que dois desses perfis, Fardados e Armados e Rondas ostensivas tobias de aguiar “Rota” estão incitando seus membros a tomarem ações violentas contra mim. E é bem possível que isso aconteça, afinal de contas, a polícia mata! Não seria eu o primeiro, e muito menos o último. Essa é a característica de nossas polícias, de nosso estado. E se acontecer, que sejam responsabilizados os administradores destas comunidades e o estado brasileiro.

Овој пат, со социјалните мрежие, овие закани се моќни, поради здруженијата поврзани со полициските организации кои ги здружуваат не само активните членови на силите на репресија, но и симпатизери со фашистичките, анти-комунистичките, шовинистички и хомофобични профили. Познато е дека два од овие профили, Фардадос и Армадос (Во униформи и вооружени) и „ROTA” ги поддржуваат своите членови да преземат насилни акции против мене. Тоа е многу веројатно да се случи, и полицијата да изврши убиство. Нема да бидам ниту првиот, ниту последниот. Ова се карактеристиките на нашата полиција, на нашата држава. Доколку ова се случи, одговорните за тоа ќе бидат администраторите на овие здруженија и бразилската држава.

"The Reaja (React) Campaign supports Carlos Latuff, directly from Bahia that bleeds from a police force that kills. For the end of the Military Police!" Campaign for the end of the Military Police, utilizing the threats made against cartoonist Carlos Latuff. Art about Latuff's cartoon, free use.

“Кампањата „Reaja“ (превод: Реагирај) го поддржува Карлос Латуф, директно од Бахија која крвави од полициски сили кои убиваат. За крај на воената полиција!“ Кампања за крај на воената полиција, која ги користи заканите направени против Карлос Латуф. Сликата е слободна за преземање. 

Различни организации ја изјавија својата солидарност, меѓу нив се наоѓаат и „Движењето за работниците бездомници“ (MTST), Мајки на мај (Mães de Maio) и „Унифицирана социјалистичка партија на работниците“ (PSTU, Partido Socialista dos Trabalhadores Unificado), која исто така селектираше серијал од закани упатени на социјалните мрежи против Латуф. Пораки за поддршка од индивидуи и политички организации, вклучувајќи и организации од надвор од земјата, “го исполнија интернет-сандачето” на авторот.

Diário Liberdade (Дневник на слободата) го реобјави писмото споделено од Латуф и ја изјави својата поддршка за карикатуристот. Catarse communication collective го прогласи Латуф за „уметник и личност основна за одбраната на човековите права во Бразил, како и во многу други земји до кои допреа и влијаеа неговите дела“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.