Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Пакистан: Прославување на денот на независноста

14 август е Денот на независност на Пакистан кој го обележува датумот кога земјата беше ослободена од британскиот колонијализам и излезе како слободна нација. Оваа година, 14 август беше прославен со веселење не само на улиците на Пакистан, но и во блогосферата.

Мотивираните блогери пишуваа за Пакистан, молејќи се за неговиот напредок и успех. Иако објавите се концентирани главно на самиот ден,  многу страстни блогери ја дискутираа идеологијата на Пакистан, цитирајќи извадоци од Мухамед Али Џинах, основачот на Пакистан.

И покрај преовладувачката општествена, економска и хуманитарна криза во Пакистан, блогерите пипуваат оптимистично, вложувајќи ги нивните надежи во младината и верувајќи во позитивна промена. Аваис Афтаб напиша на Мит во создавање:

Решението е во нов почеток. Решението е либерален, секуларен Пакистан. Решението е толеранција на различноста. Решението е спротиставување на екстремизмот и фанатизам. Решението е во борба против тероризмот. Решението е во демократска култура чувствителна кон зачувување на човечките права. Решението е во модерно образование и критичко размислување. Решението е во нашите раце, младината и оние кои знаат подобро, за Пакистан кој треба сеуште да се гради.

People from all walks of life came out to celebrate Pakistan Independence Day, Islamabad, Pakistan. Image by Niaz Ali, copyright Demotix (14/08/2011).

Луѓе од сите страни дојдоа да го прослават Денот на независност на Пакистан, во Исламабад, Пакистан. Фотографија од Niaz Ali, авторски права Demotix (14/08/2011).

На Денот на независноста напишав на мојот личен блог за потенцијалот на младината на Пакистан:

Нема одговор на сега веќе клише прашањето „кои се решенијата?“ Мора да престанеме да бараме на секаде и постојано да ги прашуваме сите. Никој го нема одговорот, бидејќи ние, младината, сме одговорот. Ние сме одговорот на се што не е во ред со оваа нација. Ние сме одговорот на недостигот на водство, корупција и неморалност, тероризам и борбеност, и на сето она што е потребно да се реши. Со голем број жители кои се дел од вкупното население, ние сме сила на која се повикуваат и сила која може навистина да ја промени насоката. Ние сме иднината на оваа нација и од нас зависи како сакаме да ја обликуваме оваа иднина.

Росни објави напис од Нусрат Паша во кој Нусрат презентира голем број цитати од говори на Џинах додека дебатира дали Пакистан треба или не треба да биде теократска исламистичка држава. Тој заклучува:

Секогаш кога Џинах ги користи термините „Ислам“ и „исламистичка“ во релација со Пакистан, тие во никој случај не се во смисла на Шарија. Наместо да се фокусира на очигледната важна содржина, која се почесто е предмет на различни интерпретации, дебати и расправи, Џинах многу мудро останува фокусиран на ДУХОТ на исламистичките учења, кој во основа е исто така духот на секоја позната откриена религија. Така, тој успева во поткрепувањето на секуларната кауза без жртвување на елементите на моралност и универзална привлечност.

Славни личности и блогери објавија на Твитер цитати од Џинах и желби за среќен ден на независноста.

Салман Ахмед, рок ѕвезда од Пакистан објави на Твитер:

@sufisal „Ниту една борба не може да успее без учество на жените рамо до рамо со мажите. – Мухамед Али Џинах #14August #Pakistan” -

Пријатно парче вести кои брзо циркулираа помеѓу пакистанските корисници на социјални мрежи беше новиот Гинисов светски рекорд, поставен од повеќе од 5,000 луѓе во Карачи кои се собраа да ја пеат националната химна. Организиран од добро познатиот изведувач, Абид Бели, настанот беше објавуван на Твитер под хаш тагот #anthemrecord и брзо постана најмногу споделуваниот помеѓу пакистанските твитерџии ноќта на 14 август.

Фаисал Ќуреши, познат домаќин на ток шоу објави на Твитер:

@faisalqureshi: „Успешен настан за поставување рекорд на националната химна во Пакистан. 5857 патриоти се појавија и ја испеаја химната со голем ентузијазам.#Pakistan#Karachi#14August

Друг плус за нетизените во земјата дојде во форма на екслузивно појавување за прв пат на Гугл лого за пакистанскиот Ден на независноста на почетната страница на пакистанскиот Гугл:

Целата пакистанска блогосфера беше полна со надежи и ветувања за подобра иднина. Образование, младински и социјален активизам, беа наведени како алатки. Охрабрувачки е да се види таков оптимизам и покрај турбулентните времиња низ кои поминува Пакистан. И секој посакува таквите надежи навистина да се материјализираат и оваа земја да постане позната по мир и хуманост наместо по други работи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.