Еквадор: Жени и девојки бегалки се занимаваат со сексуална работа

Овој текст е дел од специјалната репортажа за Бегалци.

Документарниот видео запис Бегалците прибегнуваат кон сексуална работа во Еквадор ја истражува ситуацијата со која се соочени многу жени од Колумбија, кои мораа да пребегнат преку границата во Еквадор поради преголемото насилство во нивната држава. Повеќето од нив не можат да најдат легална работа, па жените и нивните ќерки се принудени да се занимаваат со сексуална работа за да преживеат.

Ејми Браун известува за ситуацијата, таа ги интервјуира жените и агенциите во областа. Приказните се раскажани од жени кои морале да ја напуштат Колумбија по заканите од герилците, многу од нив ги оставиле своите бизниси и домови и заминале само со децата и неколку предмети. Бегалците не можат да работат легално се додека не добијат виза, а тој процес може да трае и до 18 месеци, оставајќи ги, како што е кажано во видеото „жените и девојките особено ранливи“.

Woman working at a bar in Ecuador. Screenshot from documentary.

Жена работи во бар во Еквадор. Слика од документарниот филм.

Во многу случаи, жените со цел да заработат пари бараат работа, како на пример перење алишта или готвење, а нивните барања се пресретнати со понуди да станат „келнерки“, локален еуфемизам за проститутки кои работат во барови или бордели. На една жена и кажале дека може да ја прати својата убава млада ќерка да работи во бордел… девојчето има само 13 години.

Но, за многу жени, после три до шест месеци без работа, без никакви заштеди и без можности, да го продаваат своето тело им е единствената опција. Има и доволно клиенти: според еден од интервјуираните кои го проучува овој феномен, со доаѓањето на нафтените компании дојдоа и првите клиенти и тие се уште се главните „потрошувачи“ на оваа растечка индустрија: во провинцијата има повеќе барови и бордели отколку кошаркарски и фудбалски игралишта.

Овој недостаток на активности и можности за младите луѓе ги доведува девојките на ризик: без никаков избор, голема е веројатноста 11 и 12 годишни деца да стануат дел од нелегални активности, во случајот на девојчињата, сексуална работа и трговија со луѓе.

Овој текст е дел од специјалната репортажа за Бегалци.

Сликата употребена во текстот е дел од документарниот филм.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.