Разберете ги проблемите на Порторико со Вашингтон преку сатира

Screenshot taken from video.

Кадар од видеото.

Во време кога сите вести за Порторико на обичните медиуми се цврсто фокусирани на фискалните и економските тешкотии на островот, лавината од негативни наслови која кружи на социјалните медиуми се чини незадржлива.

Токму во вакво време, сатирата може да стапи на сцена и да одигра многу важна улога во помагањето да се разберат вестите, или ако сакате, начините на кои вестите често се местат.

Луѓето зад Џус Медиа (The Juice Media), сатирична страница на Фејсбук, направија видео кое ги опфаќа работите за кои тие мислат дека се коренот на порториканските неволји и недостатоци: американскиот колонијализам.

По многуте споделувања на Фејсбук, креаторите беа охрабрени да го направат видеото кое следи по успехот на слично видео посветено на Хаваи, а е дел од нивната серија „Искрена владина реклама“.

Видеото опфаќа некои од начините на кои владата на САД го експлоатирала Порторико низ историјата, од користење на островот како полигон за воени вежби со децении, до стерилизација на преку една третина од порториканските жени без нивно знаење или согласност во средината на дваесеттиот век.

Веселата презентерка во видеото започнува вака:

Fortunately, however, few know about the real Puerto Rico, a Territory of the United States since 1898 when we seized it from the Spanish […] who in turn stole it from the Taino […] Which makes Puerto Ricans US citizens—well second-class citizens… [because] despite fighting in every one of our wars they still can’t vote for President and have no representation in Congress. In other words, US citizens who have f*-all say in the laws the US Government makes for them…

За среќа, малку знаат за вистинското Порторико, Територија на Соединетите Американски Држави од 1898 кога ја грабнавме од Шпанците […] кои претходно ја украле од домородците Таино […] Тоа ги прави Порториканците граѓани на САД – всушност второкласни граѓани… [бидејќи] и покрај тоа што тие се борат во секоја војна што ја водиме, сѐ уште не можат да гласаат за претседател и немаат нивни претставници во Конгресот. Со други зборови, граѓани на САД кои ги множат со нула кога станува збор за законите подготвени од американската влада за нив…

Погледнете го целосното видео подолу:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.