Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Нов Устав без многу промени

Ова е објава е дел од специјалното покривање на Мароканските протести 2011.

Денес Мароканците излегоа да гласаат за реформите во новиот Устав предложен од кралот Мохамед VI.

Иако е пофален од многу аналитичари и монархисти, сепак на хартија реформите не ги оправдаа очекувањата на политичарите и активистите кои бараа вистинска демократија со поделба на власта и отстапувањето на апсолутната моќ на монархот во корист на избран парламент.

Понудата од кралот дојде по четиримесечните улични протести за реформи, кои започнаа веднаш по револуциите во Тунис и Египет на 20 февруари.

Блогери и активисти водеа кампања на социјалните медиумски платформи, повикувајќи на бојкот на референдумот за новиот устав, кој како што велат тие не ги исполнува потребите за вистинска демократија. РеферендумМарок го споделува ова видео на кое се гледа како Мароканците изјавуваат дека нема да гласаат на референдумот:

Минатата ноќ, исто така, протестите се проширија во неколку марокански градови, повикувајќи на бојкот за новиот устав. maghribi7or007 го сподели овој видео запис од Фез на Јутјуб:

Mamfakinch, портал за актуелности организиран од страна на мароканските блогери и активисти кој се пренесува на арапски и француски, ги пренесуваше во живо преку блоговите реакциите на граѓаните во врска со гласањето.

Во меѓувреме, на Твитер, имаше различни погледи во врска со денешните настани.

Мароки објави една Твитер порака:

@Maroqui: Само што зборував со некого кој ќе се изјасни за референдумот. Неговата причина е дека досега јадевме само леб, а отсега можеби ќе јадеме леб и сол.

Ибн Кафка преведе неколку реакции на мароканските Твитер корисници кои што објавуваат Твитер пораки на француски. Во една Твитер порака тој пишува:

@ibnkafka: Според @Lm9dma, службениците задолжени за гласањето им велат на гласачите да не се мачат да гласат бидејќи „официјалните“ резултати веќе се знаат  #достоур #мароко

Во друга Твитер порака, тој пишува:

@ibnkafka: Според @IbtissameBetty, одредени гласачки места во #Мароко не може да се избери „не“ на гласачкото ливче #достоур #фев20

Обележаниот прст на Сара. Фотографија од: Сара Фатула

Додека пак Сара Фатула се жали за:

@SFath: Ми го обележаа прстот со пенкало кое наводно треба да трае 2 дена. Но, јас имам лак за нокти и можам лесно да го отстранам.

Талк Мароко, уреден форум кој ги поттикнува дебатите за сите марокански работи, објави повеќе дискусии за уставот на оваа врска.

Ова е објава е дел од специјалното покривање на Мароканските протести 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.