По неодамнешните конфликти и општествени немири (поради рударството [шпански]), кои резултираа со 6 жртви, повеќе од 30 повредени и милиони материјална штета: само штетата на Хулиака аеродромот се проценува на 2 милиони долара [шпански].
Жителите на Кеча од Азангаро (северно од Пуно) ја напуштија Хулиака во саботата навечер и Ајмара на југот од регионот ги крена блокадите од улиците во неделата.
Овие староседелски заедници од рударскиот регион на реката Рамис му дадоа привремен мир на новоизбраниот претседател Ољанта Умала, додека сличните проблеми во врска со рударските концесии се во процесот на ревизија [шпански] во јужната зона на Пуно. Во меѓувреме, Умала го прогласи ова како „уставна одговорност на сегашната влада“ [шпански] која треба да го реши проблемот до 28 јули, кога завршува нивниот мандат.
Еден од спроведените закони се однесува на заздравувањето на животната средина на речниот басен на Рамис и Суше [шпански] што е од национален интерес и долго и многу очекувана мерка за селаните кои се жители на оваа област. Останатите закони се однесуваат на регулативите за рударските активности [шпански] во регионот Пуно. Најповолна за Ајмара заедницата е отповикувањето на Врховниот декрет 083-2007-ЕМ, со што се става крај на проектот Санта Ана [шпански] на Беар Крик мајнинг компани.
Социјалните мрежи се преполни со коментари.
Некои како Рикардо Калме целосно се согласуваат со тврдењата на луѓето од Пуно (@ricardocalmet):
@jotabruce@chaskicholo Hay mucho que aprender de los pueblos originarios. Mirándolo bien Aymaras nos dan profunda lección: cuidar la tierra
Химена Еспионоза (@jespiba) ги поддржува жителите на Пуно во протестот:
Deberiamos movilizarnos como muestra de apoyo a nuestros hermanos puneños que son ignorados por el gordo infeliz [el presidente Alan García] bit.ly/kBRp94
Други пак, како Алиан Молина, вели дека луѓето од Пуно се бојкотираат самите (@aliomp):
Figueroa: “Los aimaras y quechuas no desean que haya desarrollo en su región”
Во иста насока е и Твитер пораката од Рикардо Марапи (@ricardomarapi) кој нагласува дека конфликтот меѓу жителите на Пуно е меѓу нив:
En Puno “habría celos vecinales, por la desigualdad entre los poblados en el reparto de los beneficios” http://is.gd/2R7M4x
Други, како Шевига, се сомневаат во искреноста и легитимноста на тврдењата (@Shevyga):
Si la gente Aimara pelea x la mineria “formal”, la gente de Azangaro pelea x la mineria informal, pero…
Некои корисници, како Луиз Торес Монтеро го ставаат под прашање управувањето на централната власт за проблемите со животната средина ():
Defensoría del Pueblo tiene 87 meses de informes de conflictos sociales (incluido el de Río Ramis) y Alan García ‘naca la pirinaca’ [no hace caso].
Други, како Интернаутилиус, ја обвинуваат владата за дискриминација и запоставеност ():
Ahora entiendo porque dicen Peru no tiene instituciones: la Fiscalia de Puno no investiga la muerte de los punenos! Los muertos son pobres!!
Други корисници на Твитер, како Матео го обвинуваат печатот дека не доволно го опфаќа конфликтот во регионот (@Matteo):
RM Palacios [Rosa María Palacios, periodista peruana] vuela en prejuicios y acusa de racistas a los quechuas y aimaras de Puno goo.gl/TRl5o
Што се однесува на промената на лидерството, кое ќе се случи на 28 јули, аналитичарите како Паула Вилка нагласуваат одредени задачи кои се оставени настрана [шпански] во регионот на владата на Ољанта Умала и се фокусираат на конечни решавања на проблемите во регионот, како: спроведување на Законот за првична консултација, искоренување на неформалното копање на руда во зоната на конфликт (што значи да се озакони), спроведување на план за територијално реструктуирање и заздравување на животната средина на басенот на реката Рамис кој влијае на езерото Титикака.