Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Костарика: Ден против хомофобија

Костарика го прослави Меѓународниот ден против хомофобија на 17 мај, луѓето ја прославија половата разлика и онлајн и офлајн.

Puppy at the Pride Parade. Image by @jdclarke00 used with permission.

Кученце на Парадата на гордоста. Фотографија од @jdclarke00 употребена со дозвола

На 15 мај, недела, фестивалот за гордост на хомосексуалците се одржа во главниот град Сан Хозе. Маурицио Ројас направи снимка на која се прикажани најважните делови, вклучувајќи ја музиката, штандовите на продавачите, танцувањето и говорите:

Фестивалот беше организиран како дел од иницијативата што ја почна градот Сан Хозе за да се ослободи градот од дискриминација, во овој конкретен случај, против луѓето со различна сексуална ориентација, како што беше истакнато на прес конференцијата за најава на фестивалот.

Хумористичното веб шоу „Не можам да ја изговорам буквата Р“, исто така направи снимка за денот, во овој случај подбивајќи се со Хуан Хозе Варгас, костарикански политичар кој постана свештеник, кој минатата година беше во вестите преку рекламирање на неговиот центар за лечење на хомосексуалноста кај луѓето.

На оваа снимка, тие прават лажно интервју со Хуан Хозе Ваинас, каде што тој ги покажува резултатите од терапијата која вклучува обука на студентите за свиркање, борба за мажи, зјапање во мажи, одење на високи штикли за жените и „да се биде среќен“ со спротивниот пол.

Блогот ChepeStyle, кој пишува за настаните во Сан Хозе, исто така, беше на фестивалот. Е. Фернандез напиша расказ за настанот, кој вклучува фотографии и следниов увид:

Estar ahí me hizo entender un poco más porqué el arcoíris es considerado símbolo de la comunidad LGBT (Lesbiana, Gay, Bisexual y Transgénero). Como decimos por acá para gustos hay colores y este símbolo nos llama a apreciar la diversidad y belleza de todos los colores… y todos los gustos.

Тоа што бев таму ме натера малку повеќе да сфатам зошто виножитото се смета за симбол на ЛГБТ заедницата (лезбејска, геј, бисексуална и транссексуална заедница). Како што кажавме предмалку, за сечиј вкус постои боја и овој симбол нѐ повикува да ја цениме разновидноста и убавината на сите бои…и сите вкусови.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.