Познатиот луксузен хотел Copacabana Palace во Рио де Жaнеиро — седиштето на FIFA во Бразил — стана платно за протестни пораки против светскиот куп на 29 јуни, 2014. Активистите посочуваат факти и бројки за последиците за Бразилците од одржувањето на мега спортскиот настан, како присилни евакуирања со цел да се направи простор за инфраструктурните конструкции.
Coletivo Projetação (комбинација на португалските зборови проект, прикажување и акција), група која зазема јавни места како форма на политичка експресија, ја превзема одговорноста за протестот. Групата спроведе неколку слични акции во последните неколку месеци во други градови во Бразил и во странство. За повеќе фотографии, посетета ја нивната страница на Фејсбук и веб-сајтот Projetacao.org.
1 коментар