Граѓаните на Боливија ги користат социјалните медиуми за разоткривање на гласачките измами за време на референдумот на претседателот Моралес

Referendum Bolivia

„Пронајдени гласачки ливчиња кои се обележани со опцијата „за“ Ево Моралес.” Скриншот од корисникот на Инстаграм rafacastillor.

Социјалните медиуми станаа круцијална платформа преку кои граѓаните ја прогласија за неважечка наводната изборна неправда во референдумот на боливискиот претседател Ево Моралес, референдум за промена на уставот со што би му се дозволило по четврти пат да се кандидира за позицијата и можност да остане претседател до 2025. Стотици фотографии, видеа и снимени гласовни пораки од гласачи циркулираат низ Фејсбук и „ВатсАп“ од неделата, 21 февруари, наводно прикажувајќи дела на измама.

Досега, парцијални резултати од изборната комисија „OEP“ (Órgano Electoral Plurinacional) покажуваат дека Моралес не успеал да заземе место во претседателската трка во 2019. Со преброени 96 проценти од гласовите заклучно вторник вечерта, изборната комисија го означи неприфаќањето на референдумот со 51.7 проценти против, наспроти 48.3 проценти, маргина од of 3.4 проценти.

Од лажно претставување на гласачи до неважечки ливчиња, гласачите пишуваа на Интернет дека посведочиле разни степени на измама, во најголем дел извршена од изборни делегати кои се обидувале да ги манипулираат бројките на гласовите за за да се уверат дека референдумот ќе биде успешен.

Габриела Молина од Санта Круз била делегат за референдумот во неделата. Во интервјуто со мене, таа изјави:

None of this is new. But this time, it shows the power of social media, and that now we are able to impact a campaign with the truth.

Ништо од ова не е ново. Но овојпат, се покажа моќта на социјалните медиуми, и дека сега ние сме способни да влијаеме на кампања со вистината.

Наводните избирачки малверзации вклучуваат недостапни и загубени гласачки материјали, горење на претходно заокружени гласачки ливчиња, статистички дезинформации и лажно претставување на гласачи.

Многу гласачи пристигнаа на нивните гласачки места за да пронајдат несоодветни избирачки материјали, и беа принудени да чекаат да пристигнат нови гласачки ливчиња откако првичните се истрошиле, додека други гласачки места доцнеле со отворањето бидејќи тие не добиле никакви изборни материјали, т.е гласачки ливчиња и список на гласачи пред отворањето во 8 часот во недела наутро, како што и јас лично посведочив.

Латиноамериканската Продемократска младинска мрежа на нејзиниот профил на Твитер објави:

Обвинувања за изгубени материјали од првиот до четвртиот градски круг во Санта Круз каде води гласот НЕ.

Како дополнување на официјалните медиумски прилози, гласачите од најмалку едно гласачко место го снимија горењето на гласачки ливчиња од страна на граѓаните откако ги пронашле ливчињата во соба полна со делегати кои обележувале „да“ на истите.

Papeletasmarcadas#FRAUDE#col.24 de septiembre#deberiacontratarmeunitel

A video posted by Fabiola Jordán ♡ (@fabbijj) on

 

Натпис: Обележани гласачки ливчиња. Измама. Училиштето 24-ти септември [во Санта Круз де ла Сиера]. [Новински канал] Унител треба да ме вработи.

Во најголемата метропола на Боливија Санта Круз де ла Сиера, локалниот изборен комитет „TED“ (Tribunal Electoral Departamental) потврди дека повеќе од 5,300 гласачи кои не можеа да гласаат во неделата поради горењето на нивните гласачки ливчиња ќе можат да се вратат на нивните избирачки места на 6 март.

Фејсбук страницата на проопозициската група „Me Comprometo, Voto No“ (Земам обврска, Гласам НЕ) објави фотографии кои наводно разоткриваат гласови кои лажно се обележуваат како да додека биле внесувани во „OEP“ (Órgano Electoral Plurinacional) т.е системот на изборната комисија. Овие фотографии се од гласачи но и делегати кои накрсно ги споредувале резултатите од нивните избирачки места со податоците достапни онлајн.

Подолу, резултатите од гласачкото место покажуваат јасна победа за НЕ. Горе, фалсификуваните бројки од истото гласачно место.

Локалниот весник „Ел Диа“ пријави случаи, некои од нив прикачени онлајн со помош на социјалните медиуми, на измама каде голем број на починати лица биле квалификувани како гласачи и наведени во изборниот список дека гласале на датумот на референдумот. Изборниот врховен суд ги одби овие тврдења, велејќи „нема начин како името на починато лице може да се искористи за гласање […] бидејќи официјалниот список исто така ја содржи и фотографијата од лицето“.

Cruceños (локални граѓани) оттогаш се собираат пред „Фекспо Круз“ (Центар за меѓународни конвенции) во Санта Круз де ла Сиера, мониторирајќи ги вработените во „TED“ како тие ги пребројуваат гласачките ливчиња и барајќи од нив да ги почитуваат нивните гласови и да демонстрираат транспарентност за време на официјалното пребројување.

Делегатот Молина го помина денот во „Фекспо Круз“ за да биде сигурна дека гласачките ливчиња се пребројуваат точно. За време на нашето интервју, таа додаде:

I’m enraged, we are all enraged with how in our faces the fraud has been.

The problem is that there are no checks and balances, so that’s what’s incredibly frustrating in this country. No matter how much evidence, and no matter how much we can discuss facts, there is no law against this.

That’s what this [opposing the referendum] is all about.

Гневна сум, сите сме гневни бидејќи пред очи ни се случува измама.

Проблемот е што нема проверки и балансирање, и токму тоа е најфрустрирачкото во оваа држава. Без разлика колку докази, и без разлика колку можеме да ги дискутираме фактите, нема закон против ова.

Ова е тоа [спротиставување на референдумот] за што се работи.

Во меѓувреме, гласачите за опозицијата се надеваат дека измамата нема да го смени резултатот предвиден од авторизираната агенција за анкетирање „Екипос Мори“ во неделата, 49-51 проценти победа за „не“. Тие ги изразија нивните фрустрации од бавното пребројување, и по посведочувањето на повеќе случаи на измама на денот на референдумот, се загрижени дека преостанатите ливчиња можат да се злоупотребат во напори да се изместат резултатите.

Не за вечни владеачи, Не за луѓе гладни за моќ, Не за уставни амандмани. Боливија кажа не. Не никогаш. Не повеќе. Боливија треба да се почитува.

Со ерупцијата на прослави низ целата држава по неофицијалните резултати на Мори, заменикот на претседателот Алваро Гарсија Линера објави „техничко нерешено“, советувајќи ја опозицијата да се воздржи од предвремени прослави „многу е веројатно дека што и да се прикажува на телевизија драстично ќе се промени во наредниве денови“, и „вашите прослави може да се претворат во солзи со објавувањето на финалните резултати“.

Претседателот Моралес на прес конференција во понеделникот изјави , „Сега не е време за журка, ние треба со смиреност да ги почекаме финалните резултати“.

Ако едно нешто е јасно од државниот референдум во Боливија од минатата недела, тоа е дека на граѓаните на Боливија им е доста од корупција.

Ажурирање од 25 февруари 2016. Според соопштението испратено од Министерството за претседателство, претсетаделот Ево Моралес го призна поразот од референдумскиот викенд.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.