Претседателот на Венецуела конечно го откри Фејсбук, една деценија откако оваа социјална мрежа се појави во државата

15244869746_4611b5ee98_o

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро за време на кампања. Фотографија: Џока Мадруга под лиценца на Криејтив Комонс.

„Душкање“ по животите на другите, пребарување на пријатели од детството, одржување контакт со саканите кои се далеку од нас, потрага по љубовта на нашиот живот, или едноставно ставајќи се себеси на излог на виртуелната полица – ова се некои од начините на кои луѓето во но и вон Венецуела го користат Фејсбук.

Платформата на Марк Цукерберг влезе на сцената во Венецуела во 2007 и оттогаш нејзината популарност е во брз пораст. Се проценува дека 40% од 30 милиони луѓе кои живеат во оваа Јужноамериканска држава имаат кориснички профил.

На 9 февруари, уште една многу важна личност стана корисник на Фејсбук– ни помалку ни повеќе туку претседателот на републиката, Николас Мадуро.

Ве поканувам сите да ме додадете за „пријател“ на Фејсбук, кој секојдневно ќе го користам за комуникација почнувајќи од денеска…

Пристигнувањето на Мадуро на социјалната мрежа, речиси една деценија откако треската наречена Фејсбук ја зафати државата, се случи во многу специфичен момент во историјата на Венецуела. Досега невидена економска криза ги отежнува животите на граѓаните, благодарение на експлозивна инфлација и недостаток на најосновните производи за широка потрошувачка.

Венецуела е држава со највисоката стапка на инфлација во светот и тип на недостаток сличен на земји распарчени од војна.

Многумина ги искористија првите неколку часа од овој виртуелен прозорец со петиции кон претседателот за најразлични прашања, со што создаде политичка поларизација. Со околу 170,000 следбеници, страницата на претседателот е полна со коментари полни со страст:

Screen Shot 2016-02-14 at 11.47.20 AM

Скриншот од ѕидот на фејсбук на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Еден корисник на Фејсбук, идентификувајќи се себеси како „Geo Loyal“, изјави:

Yo no seré hipócrita ni hala bola, usted sabe que el país esta mal, por culpa de su ineptitud y la de su gabinete. Sabe que el país está en la quiebra porque se robaron todo el capital que tenían para invertirlo en Venezuela. Sea consiente y haga algo bueno en su vida como renunciar y pegarse un tiro, ya que ni usted ni ninguno de los suyos sirven para nada. ¡Pudrase [sic], Nicolas Maduro!

Јас одбивам да бидам лицемер или сезнајко, Вие знаете дека државата е во лоша ситуација, што се должи на Вашата неспособност, и неспособноста на Вашиот кабинет. Знаете дека државата е не раб на банкрот, наместо да се инвестирате во Венецуела, главниот град кој го имавме го украдоа. Преземете одговорност и направете нешто корисно во Вашиот живот како на пример поднесете оставка како претседател и убијте се, бидејќи ниту Вам ниту кој било од Вашата партија не ве бива за ништо. Одете по ѓаволите Николас Мадуро!

Арелис Ангарита потоа коментирала:

Se le saluda mi presidente en verdad no quisiera estar en sus zapatos ,le ha tocado una guerra muy fuerte siempre sere leal , a pesar de las dificultades y saldre a defender el legado de mi amado gigante Chavez

Ве поздравувам мој претседателе, навистина не би сакал да сум на Вашето место, Вие моравте да се справувате со многу тешки ситуации за кои не сте одговорен, јас секогаш ќе останам Ваш верен подржувач, и покрај тешкотиите, јас секогаш ќе го бранам наследството на мојот сакан Чавез.

„Претседателе, системот за социјална безбедност е загаден со луѓе чии ставови се блиски на опозицијата, почнувајќи со „Rotondaro Saquelo“ [sic], институционални опструкции, Ве молам, директори од опозицијата, шефови на „опозицискиот персонал“, престанете да барате благословувања од бог, обединети, преку борба, и ние ќе бидеме победници“, посочува Хозе Онтиверос.

Рубен Д. Санчез остави коментар директно наменет за поддржувачите на Мадуро:

Entre aquí por curiosidad pero no puedo mantenerme un minuto mas en esta pagina al ver tantos comentarios de gente tan ignorantes que aun creen que este señor es lo mejor que le ha pasado a nuestro pobre país

Дојдов овде само од љубопитност но не можам да останам ни минута повеќе на оваа страница откако се изначитав толку многу коментари од толку неуки луѓе кои сè уште веруваат дека овој човек е најдоброто нешто што ѝ се случило на оваа наша сиромашна држава.

Ставот кој Чавизмо, доминантната левичарска политичка идеологија во Венецуела, го има за виртуелниот свет најмалку од сè е конзистентен во изминативе 17 години. Првично, владата ја демонизираше мрежата на микроблогери Твитер, обвинувајќи ја дека претставува „алатка за империјалистичка пенетрација која се користи за лажење на граѓаните на Венецуела“.

Но овој став се смени во април 2010 кога поранешниот претседател Уго Чавез го отвори својот твитер профил, @chavezcandanga, што во тоа време создаде бес. Две години подоцна, тоа стана важен извор на информации како на пример изјави и ставовите на претседателот за меѓународната заедница.

Само што разговарав со нашиот другар Претседателот Дилма… и со другарот Претседател Путин, Лукашенко, Ево и Рафаел Кореа!!!

Сепак, неколкумина корисници на Твитер беа притворени за изразување на нивните мислења, и дури и мрежата беше оневозможена во 2014 за време на граѓанските протести во февруари истата година.

Политичкиот наследник на Чавез, Николас Мадуро, продолжува да го користи твитер по иста линија како и неговиот претходник, со отворање свој профил, @NicolasMaduro, откако официјално стана претседател на Венецуела. До денес тој брои 2.7 милиони следбеници.

Ова учество во дигиталното доба се гледа како шанса да се води идеолошка „контра-офанзива“ и да се формираат делови од стратегијата на политичка комуникација во државата. Чавизмо престана со игнорирањето и стигматизирањето на виртуелните платформи, и наместо тоа, се придружи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.