Мисијата на еден Палестинец е да го направи урбаното земјоделство поодржливо

Овој напис на Тод Ројболд беше првично објавен на „Енсиа.ком“, магазин кој на дело ги истакнува меѓународните решенија за животната средина, а тука е објавен како дел од договор за споделување содржини.

Насекаде низ светот, урбаното земјоделство игра улога во прехранувањето на растечкото светско население од Средна Америка до Блискиот Исток.

Видеото погоре го прикажува Саид Салим Абу Насер, поборник за одржливото земјоделство, кој живее и работи во градот Газа, Палестина, долж медитеранскиот брег.

Абу Насер направи микро-фарма од 200 квадратни метри користејќи хидропоник систем и домашни органски раствори против штетници кои содржат лук, пипер, сапун и друго.

Секоја година тој произведува околу 3500 килограми храна – доволно да нахрани 30 луѓе. Можеби уште поважно е тоа што неговата урбана фарма може да служи како модел за другите кои се надеваат одржливо да одгледуваат храна во помали количини.

Ова видеото беше продуцирано, снимено и монтирано за „Енсиа“ од страна на Јасер Абу Вазна, хонорарен режисер кој живее на Палестинска територија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.