Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аргентина: Блогерите дискутираат за инфлацијата

Високата инфлација е старото зло на аргентинската економија.  По економската криза (1999-2002) и девалвацијата на пезосот, инфлацијата повторно се врати на сцената и покрај програмата за социјална инклузија на Кристина Фернандез де Киршнер [шп] откако ја наследи позицијата на нејзиниот сопруг во 2007-та година.

Инфлацијата веќе долго време е предмет на контроверзност во Аргентина. Важно политичко прашање кое се очекува да биде една од главните теми дискутирани за време на претседателска трка следниот октомври.

Според Агенцијата за национална статистика Indec, инфлацијата на потрошувачката стока пораснала дури на 10,9% во март 2011 година од претходната година. Сепак се верува дека Indec е дел од владиниот напор да се скријат високите бројки на инфлацијата. Според независните проценувачи, меѓу кои и еден поранешен службеник на Indec, Graciela Bevacqua
[шп], се вели дека годишната инфлација достигнала бројка помеѓу 25 и 35%.

An advertisement indicating that candies are submitted to the anti-inflation sugar prices agreement (see note at bottom of post for more on price controls). By Flickr user J. Villamota (CC BY 2.0)

Реклама за слатки којашто покажува дека слатките се вклучени во спогодбата за анти-инфлациски цени на шеќерот. Фотографија Flickr корисник J. Villamota (CC BY 2.0)

Во The Argentine Post, блогерот и соработник на Wall Street Journal, Тао Тарнер, зборува со огорчена иронија за начинот на којшто владата одбива да го реши проблемот со висока инфлација:

Во секоја друга држава во светот, со инфлација од само 10% политичарите би кренале црвени знамиња и би испаничиле за начинот за спречување на растот на цените. Исто така, владините службеници во тие држави би го користеле зборот „инфлација“ за да го опишат тоа што им се случува на цените. Но, Аргентина  никогаш ‘не била како никоја друга држава’ и нејзината посебност е нешто оди дури во крајности.

На ист начин, антивладиниот блог BlogBis [шп] излезе во јавноста со десет иронични препораки за владините веб симпатизери во напис наречен  ‘Manuel para el Twitero K’ ( Прирачник за приврзаниците на Кишнер на Твитер):

Algunos conceptos que debe incluir en el tuit que lo convierten en irrefutable:
Si hablan de inflación o pobreza, recuérdele que todo era peor en el 2001.

Некои од концептите коишто треба да ги вклучите во твитот е тоа како да ги направите непобитни:
Ако зборувааат за инфлација или сиромаштија, потсетете ги дека во 2001-та година беше могу полошо (во текот на економската криза).

Неколку блогови се обидоа да покажат дека цената на храната и основните продукти  порасна откако Киршнер ја презеде власта. Фернандо Сатилан од блогот 7:50 a Retiro [шп] прикажува како се покачила цената на аргентинскиот специјалитет ‘milanesa’ (леб полнет со месо) во последните шест месеци:

A un par de cuadras de la oficina de la Fundación, un buen señor vende sandwiches de milanesa a $10. Hace unos seis meses estaban a $7. A pesar del “milanga management” del gobierno, el sanguche de milanga se me dispersó 43% en 6 meses. Es la inflación, Amado.

На некоку блокови од канцелариите на Фондацијата, еден стар човек продава сендвичи milanesa за 10 пезоси ($2,45) . Пред шест месеци тие чинеа 7 пезоси ($1,70).  Покрај менаџментот на владата, цената на milanese сендвичот порасна за 43% за шест месеци. Тоа е инфлација, Амадо (Амадо Бодо е аргентинскиот министер за економија и страстен подржувач на методот на Indec).

Тој исто така го цитира коментарот оставен на еден негов пост предложувајќи создавање на граѓански веб-сајт посветен на инфлацијата:

Mi amigo Steven hizo un excelente comentario al post “Dispersión” que publiqué esta mañana: “En la era del celular con cámara, ¿para cuando el sitio www.eslainflacionamado.com.ar con detalles como éste?”

Мојот пријател Стивен напиша еден одличен коментар  во мојот пост „Проширување“ којшто го објавив утрово: „Во ера на мобилни телефони со видео, што чекаме, зошто не создадеме веб-сајт со името thisisinflationamado.com.ar [посочувајќи го името на Министерот за економија Амадо Бодо] со сите детали како и тука?“

Контроверзноста околу податоците за инфлацијата особено се зголеми откако Владата  зеде глоба од неколку независни економисти — меѓу кои и  Estudio Bein & Asociados, Finsoport, MyS Consultores или GRA Consultoras за предизвикување на официјалната инфлација. Владата го користи членот 9 од Законот [шп] за лажна трговска практика којашто забранува „презентација, огласување или рекламна пропаганда која преку прикривање може погрешно да наведува, измами или предизвика забуна во врска со … цената и условите на комерцијализирање на добрата, сопственоста или услугите“ за да ги замолчи несложните економисти.

A wad of hundred peso bills. The peso is the Argentine currency. By Flicker user Alex E. Proimos (CC BY 2.0)

Банкнота од илјада пезоси. Пезос е аргентинската валута. Фотографија од Flickr корисник Alex E. Proimos (CC BY 2.0)

Ваквата иницијатива предизвика многу огорчени реакции на Твитер и блогерската заедница.

Мигел А. Кигел (@kiguel) вели дека законот и се заканува на слободата на говор:

Llegó la multa por decir en los medios q la infación es 25%. Chau libertad de expresión. Sólo se acepta la inflación trucha del INDEC.

Пристигна казната за зборување јавно во медиумите дека имаме инфлација од 25%. Довидување на слободата на говорот. Сега е дозволена само лажната инфлација од INDEC.

Во одговорот на официјалниот твит на Министерот за економија Армадо Будо, Тао Тарнер (@taos) пишува:

Ministro, abogados dicen que las multas a economistas violan la constitucion. Que dice usted?

Министеру, адвокатите велат дека казните за економистите се спротивни на Уставот. Што велите вие?

Блогот Perspectias Criticas [шп] објаснува како владата ја намалува дебатата за инфлација обвинувајќи ги весниците за манипулирање со јавноста:

En los sectores K dicen que este es un tema de los medios de comunicación y que a la gente esto no le llega , pero la realidad es que el kilo de pan , por ejemplo, hace 2 años esta $ 5 y ahora está $10.

Во провладините сектори велат дека инфлацијата ја измислија медиумите и дека тоа не ги погодува граѓаните, но вистината е дека едно кило леб пред две години чинеше 5 пезоси ($1,22), а сега чини 10 пезоси ($2,45).

Подржувачите на Киршнер дадоа сосема друго мислење. На пример, блогот Que Venga el día [шп] постираше еден напис од Раул Делаторе во Página12 [шп] каде што се објаснува механизмот за формирање на цените на неговите читатели. Според Делаторе, критиките за инфлацијата им пречат на дебатите за економијата:

Durante años, la oposición ha convertido a la inflación en una muletilla para atacar la política económica del Gobierno… La reacción opositora, lejos de recoger el guante y abrir la discusión, optó por la salida más simplista: insistir en que el Gobierno sigue “negando la inflación”.

Со години, опозицијата ја користи инфлацијата за да ја напаѓа економијата на Владата… Опозициската реакција, далеку од олеснување и отворање дебата, го избраа наједноставниот начин: тие инсистираат на идејата дека Владата ја „негира инфлацијата“.

Во нивниот блог INDEC que trabaja [шп], вработените во INDEC го бранат својот метод на сметање, со предвидувањата на Меѓународниот монетарен фонд за 2011 година:

La verdad … es que la inflación es un invento mediático que intentan constantemente trasladarlo a la vida real. ¿Se acuerdan del “tomate a $18″ o de “la papa más cara que en París” que titulaba TeleNoche? Bueno, la inflación de la economía está mucho más cerca de las estadísticas del INDEC (similares a las del FMI) que a las mentiras sin un mínimo de rigor científico que muestra Clarin.

Вистината… е дека инфлацијата е измислица на медиумите која се обидуваат да ја применат во реалниот живот. Се сеќавате на цитатот на TeleNoche „домати за 18 пезоси“ или „компирот е поскап тука отколку во Париз“?  [аргентински ТВ канал]. Па, инфлацијата е сигурно поблиску во статистиките на INDEC (и на IMF) отколку во лагите без нималку научна строгост кои весникот на Кларин ги прикажува.
Можете да прочитате повеќе за контролата на цените во написот „Плачи за мене Аргентина“[…]:„Враќањето на контролата врз цените“ од Даниел Грос во Slate.com.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.