Мозамбик: Напад врз претседателски кандидат

Блогерите од Мозамбик Карлос Сера [португалски] и Пауло Грањо [португалски] реагираа на нападот врз политичарот Давис Симанго кој се случи  вчера во пристанишниот град Накала, кој се наоѓа во северен Мозамбик. Партијата на Симанго (@mdmwiki) исто така реагираше на нападот врз својот кандидат.

Симанго е градоначалник на Беира и на почетокот на оваа година ја основа партијата МДД (Мозамбиско демократско движење), откако се скара со традиционланата опозициона партија РЕНАМО. Пред само неколку дена, тој и неговата партија ја потврдија планираното кандидирање за претседателскиот мандат и кампањата за изборите во октомври. Додека Симанго одеше на состанок на неговата партија, неколку лица од собраната толпа го грабнаа оружјето на полицијата и истрелаа куршум во неговата кола.

Тој избега неповреден, но медиумите известија дека тројца лица биле повредени, вклучувајќи и еден полицаец. Според првичните извештаи од независниот медиум на Мозамбик напаѓачите се членови на РЕНАМО.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.