Овој напис е дел од специјалната репортажа Побуни во Либија 2011.
Британско-либијскиот хирург и хуманитарец кој пишува под името Амал Ал-Леби стана носталгичен и објави некои стари слики од претходни посети на Либија на неговиот профил на Твитер @libyansrevolt за да покаже дека се сеќава на Либија.
@libyansrevolt: Гледајќи некои стари #слики од Либија од претходни посети…
Тој започна со фотографиите од крајбрежниот град Триполи – фотографии кои ги покажуваат градските пазари каде продавачите на зеленчук се наоѓаат покрај улиците, работниците со лим во областите или „зангас“ на стариот град па дури и оние кои продаваат јајца од ноеви.
Тој исто така сподели и фотографии кои ги покажуваат историските елементи на градот, како што е Отоманскиот замок Ал-Сараја Ал-Хамра (црвениот замок) кој се наоѓа во стариот град во Триполи каде е и националниот музеј на Римската архитектура, мозаиците и скулптурите.
Други фотографии покажуваат слогани и транспаренти за Гадафи низ целиот град, Плоштадот на мачениците, кој самиот Гадафи подоцна го преименува во Зелен плоштад.
Тој потоа оди во Лептис Магна, кој е прочуен град на Римската Империја, а неговие остатоци се наоѓаат во Ал Кумс, 130 км источно од Триполи на брегот каде Вади Лебда се спојува со морето. Тој направи многу фотографии од остатоците таму:

Колосеумот во Лептис Магна Либда, често обележје на многу медитерански градови. Фотографија на @libyansrevolt.
Лептис Магна е дел од Светското наследство на УНЕСКО, и тоа го натера да препорача секој да го посети ако некогаш патува во Либија, и исто така додаде: „Ако кое било од овие места е оштетено кој и да е одговорен треба да плати“.
Тој потоа додаде фотографии од фармата на неговиот вујко, Либијската пустина со нејзините песочни дини, палми, брани и илјадници години стариот глинен град.

GaberOun оаза во средина на либијската пустина. Водата е посолена од Мртвото море! Само пловиш! Фотографија на @libyansrevolt.

Ќаср Елхај, античка мелница на жито од внатрешноста на Џебел Нафуса. Фотографија на @libyansrevolt.
Конечно, тој беше одведен од локален жител до планина каде фотографираше уметност од античка пештера која датира од 5,000 ~ 10,000 год. п.н.е. Тој додаде дека таму има многу пештерски цртежи од античко време особено на Акакус планините, сепак, за жал некои се оштетени со графити.
Овој напис е дел од специјалната репортажа Побуни во Либија 2011.