Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Будисти во Мјанмар им подарија бели рози на муслимани за Рамазан

Фотографија од страницата на „Фејсбук“ на кампањата „Бели рози“. Искористена со дозвола.

На 16 мај 2019 група будисти во главниот град на Мјанмар, Јангон, ја започнаа кампањата „Бели рози“ преку која подаруваат бели рози на муслимани кои постат за Рамазан. Кампањата беше организирана во знак на солидарност со муслиманите откако толпи будисти се собраа пред неколку привремени места за молење на муслиманите и бараа да се прекинат молитвите.

Вечерта на 14 и 15 мај толпи со повеќе од 100 будистички екстремисти се обидоа да ги спречат муслиманските молитви, барајќи да се затворат трите привремени места за молитви за Rамазан во јужната област Дагон во Јангон.

Како одговор на ова, будистичкиот свештеникот Бандата Сеидата, попознат како Сајадав од Светлоста на Азија, ја создаде кампањата „Бели рози“. Бандата Сеидата ја посети муслиманската заедница во јужен Дагон вечерта на 16 мај за да им понуди бели рози како начин на пружање охрабрување и поддршка. На кампањата ѝ се придружија меѓурелигиски активисти, и за само една недела, таа се прошири и во други градови низ Мјанмар, вклучувајќи ги Мандалај, Сагаинг и Моламјуин достигнувајќи дури и до мјанмарските заедници во Малезија. Кампањата продолжува да ги повикува на граѓаните во Мјанмар да понудат бела роза на нивните пријатели без оглед на нивната етничка или религиска припадност.

Кампањата исто така ги повика интернет-корисниците да споделуваат објави на друштвените медиуми од луѓе како нудат бели рози на муслиманите преку хаштагот #WhiteRose4Peace. [Бели рози за мир]

Во изјава која стои на официјалната страница на „Фејсбук“ на кампањата се вели:

[…] ငြိမ်းချမ်းရေးအတွက် နှင်းဆီဖြူလှုပ်ရှားမှုသည် မြန်မာနိုင်ငံအတွင်း ဖြစ်ပွားနေသည့် ဘာသာရေး ၊ လူမျိုးရေး မတည်ငြိမ်စေရန် ၊ အမုန်းပွားစေရန် တမင်ကြံစည်လုပ်ဆောင်မှုများကို ပြည်သူလူထုက ကြံကြံ့ခံ၍ ငြိမ်းချမ်းရေး၊ လူမှု သဟဇာတ ဖြစ်ရေးနှင့် တန်းတူညီမျှရေးကို တန်ဖိုးထားသော ငြိမ်းချမ်းရေးကို ချစ်မြတ်နိုးသူ မြန်မာပြည်သူ၊ ပြည်သားများ၏ လှုပ်ရှားမှု ဖြစ်ပါသည်။ […]

Движењето „Бели рози“ за мир е движење на граѓаните на Мјанмар кои сакаат мир и ги вреднуваат еднаквоста и општествената хармонија, со отфрлање на влијанието на оние кои намерно шират омраза и провоцираат етничка и религиозна нестабилност во Мјанмар во моментов.

Кампањата „Бели рози“ во Јангон. 27 мај 2019. Од страницата на „Фејсбук“ на кампањата „Бели рози“. Искористено со дозвола.

Во меѓувреме, некои нетизени ги променија нивните профилни фотографии со рамка која е поддржана од мрежата „Јангонска младина“ како одговор кон малтретирањето на муслиманите:

ဘာသာရေးအစွန်းရောက်များအတွက် ငါတို့နိုင်ငံမှာ နေရာမရှိ

Во нашата држава нема место за религиозни екстремисти.

Рамка за профилна фотографија развиена од мрежата „Јангонска младина“.

Мнозинството од населението во Мјанмар го сочинуваат будисти. Сегашните екстремистички движења на будистите во Мјанмар започнаа во 2014 година со радикална група наречена МаБаТа. Иако МаБаТа беше прогласена за незаконска од државните органи, движењето 969 иницирано од групата и нејзиниот водач Вирату инспирираше широко распространети дискриминаторски екстремистички движења и распространет говор на омраза онлајн против муслиманските малцинства во државата. Од 2012 година наваму во Мјанмар имаше неколку случаи на религиозен конфликт, вклучувајќи и поголем насилен конфликт во општините помеѓу муслиманите рохингја и будистите ракхине.

Со цел повторно да се изгради општествената кохезија помеѓу будистите и муслиманите во Мјанмар, истакнатиот претставник од граѓанското општество Тет Све Вин верува дека високите претставници на владата мора да се вклучат и да излезат со порака за општествена хармонија. Во неодамнешно интервју за новинската агенција „Иравади“ тој изјави:

I attach greater importance to the moral leadership of political leaders. […] Frankly speaking, our leaders fail to provide moral leadership. Millions of Rohingya fled and many people died. […] They should at least acknowledge on humanitarian grounds that they had been living in the country, and are now in trouble after they left the country. Muslims have suffered, and Arakanese people are suffering now, and so are Kachin and Shan people. Only when a leader defines the norms and values of [a] society will people be able to follow. […] One day when we have leaders who dare to say the country has no place for people with such amoral attitudes, and define clear moral standards for the society, then, hopefully there will be some changes to our society.

Придодавам големо значење на моралното водство на политичките лидери. […] Искрено, нашите лидери не успеваат да обезбедат морално водство. Милиони муслимани рохингја се во бегство и многу луѓе умреа. […] Тие во најмала рака треба да ги признаат на хуманитарна основа дека овие луѓе живееја во државата а сега откако ја напуштија се во невоља. Муслиманите страдаа, и араканците страдаат во моментов, како и качините и шаните. Само откако лидер ќе ги дефинира нормите и вредностите на [едно] општество луѓето ќе можам да ги следат. […] Еден ден кога ќе имаме лидери кои се смели да кажат дека во државата нема место за луѓе со такви аморални ставови и ќе дефинираат јасни морални стандарди за општеството, тогаш, се надевам ќе има некакви промени во нашето општество.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.